Кофеинот ја подобрува долготрајната меморија кога се конзумира после учењето

До сега науниците веруваа дека иако кофеинот има најразлични ефекти на мозокот, тој нема или има многу малку влијание на долготрајната меморија.

Но претходните студии биле спроведини на тој начин што кофеинот бил даден пред да отпочне учењето.

Кофеинот ја подобрува долготрајната меморија кога се конзумира после учењето

Нова студија публицирана во списанието Nature Neuroscience, била спроведена на тој начин што кофеинот бил даден отпосле, значи после учењето.

Научниците пронашле дека на тој начин се зајакнал делот во мозокот одговорен за долготрајната меморија.

Еден од водечките автори објаснува дека проблемот со кунзумирање на кофеин пред учењето е…

„… ако има појачување, не е точно сигурно дали е поради ефектот на кофеинот врз вниманието, желбата, фокусот или други фактори. Но со давање на кофеин после учењето, ние ги исклучуваме сите овие ефекти и се осигуруваме дека доколку има појачување, тоа е поради меморијата и ништо друго.“

Една силна шолја кафе

Партиципантите во студијата, кои што не биле постојани конзументи на кофеин, им биле дадени серија од слики да ги гледаат и да ги научат.

Потоа на некои од нив им било дадено 200mg кофеинска таблета (еднаква на една шоља силно кафе), додека на другите им било дадено плацебо.

Наредниот ден повторно им биле покажани серија на слики, само што некои од нив биле истите, некои различни, а некои слични.

Тие кои што го земале кофеинското апче после учењето поминале подобро на тестот на категоријата слични отколку оние кои им било дадено плацебо апче. Еден од истражувачите го објаснува ова:

„Ако користиме стандардна мемориска вежба за препознавање без овие слични работи, ние немаше да најдеме никаков ефект на кофеинот. Но, употребата на овие работи бара од мозокот да направи потешка дискриминација – нешто што ние го нарекуваме модел на поделба, кое што е процес кој што е појачан од страна на кофеинот, во овој случај.“

Истражувачите демонстрирале подлабоко ниво на меморијално помнење базирано на ефектот од кофеинот, отколку едноставно препознавање или непрепознавање на сликите.

Истражувачите исто така пробале и со 300mg кофеин, но ова немало никакви дополнителни зајакнувачки ефекти врз долготрајната меморија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.