Кога ќе се разочараме од саканите: поуки од „Малиот принц“

Кога некој ни се појавува во нашата свесност или во сон, вообичаено тоа не е сосем истата личноста која ја познаваме од нашиот  секојдневен живот (претпоставувајќи дека воопшто ја познаваме).

Во нашите соништа, ние всушност ги создаваме карактерите преку рефлексија на делови од нашата личност. Сите карактери претставуваат аспекти од нас самите.

Кога ќе се разочараме од саканите луѓе: Поуки од „Малиот принц“

Личностите кои ги сонуваме немаат ништо со нашиот сон бидејќи сонот е наше создание. Всушност, не ги вклучува во реалност другите личности. Тие едноставно се искористени како огледало за тоа што ние можеме свесно да препознаеме кај себе си.

Така, малиот принц сретнува цвет кој станува љубовта на неговиот живот. Цветот всушност го претставува среќавањето на „жената од нашите соништа“ или „мажот од нашите соништа“. Тој е силно вљубен во цветот, но сепак не го гледа на вистински начин овој цвет. Тој гледа на неа како што ние гледаме на луѓето во нашиот живот. Тој, всушност ги проектира своите соништа во цветот.

Начинот на кој ги гледаме луѓето во секојдневниот живот е сличен на начинот на кој ги создаваме карактерите во нашите соништа. Така, малиот принц се заљубува во цветот, гледајќи ја неговата убавина. Сепак, тој нема увид во тоа каков е всушност тој цвет.

Тој ги проектира во неа сите негови фантазии за тоа каква би требало да биде неговата „идеална“ љубовна партнерка. Истото може да се каже за начинот на кој ги проектираме своите очекувања за нашите пријатели, родители, колеги и други значајни луѓе. Луѓето го прават истото и во однос на своите доктори, политичари, терапевти итн. Сите видови очекувања се прикачени за овие улоги, од кои секое од нив е проекција на нашите идеализации за нив и нашите потреби.

Толку многу од нашите врски со другите луѓето го имаат овој квалитет – на сон, каде во нашиот ум ги создаваме како наша идеализација и кога тие не живеат според нашиот сон за нив, ние на некој начин ги демонизираме. Тогаш почнуваме да гледаме на нив како тие да се „причината за сите наши проблеми“.

Идеализирајќи некого, по што следи правење на жртвено јагне кога нема да одговорат на нашите соништа е несвесно однесување.

Процесот на освестување е една од почетните работи за гледање јасно која е другата личност, што се случува само до степенот до кој ние можеме јасно да се видиме себе си. Несвесниот ум има нешто како филтер – сон. Начинот да се ослободиме од овој филтер е преку самоконфонтација.

Наместо да се прашуваме зошто личноста не се совпаѓа со нашите очекувања, треба најпрво да се прашаме зошто и како всушност сме ги развиле очекувањата. За што служат овие очекувања? Што, во нас самите, бараме да добиеме преку нашиот сон за другиот?

Ако нашиот идеален љубовник, дете, авторитет, политичар се оцрни во нашите очи, „трикот“ за проширување на нашата свесност е во тоа да се запрашаме што во нас значи ова. Дали трагаме по некој друг кој ќе не комплетира, ќе ги исполни нашите соништа, ќе не направи среќни?

Малиот принц се спушти на земјата бидејќи неговата љубов од соништата го разочара. Преку ова разочарување тој почна да се буди за тоа што навистина претставува љубовта.

Ова губење на илузиите дека може да најдеме исполнување во друга личност е една од најзначајните улоги на значајните врски во нашиот живот. Личноста, без оглед на улогата која ја има во нашиот живот, ни прави огромна услуга.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.