Кога нештата не се одвиваат како што сакате

Дали сте помислиле некогаш колку би било добро кога сите нешта во вашиот живот би се одвивале токму онака како што сакате? Тоа можеби би било одлично. Но, како што сите ние знаеме од своето искуство, таквото нешто повеќе е исклучок отколку правило.

Кога нештата не се одвиваат како што сакате

Поголемиот дел од нас кога тогаш се помируваат со фактот дека нештата често не се одвиваат според нашите желби. Некои, меѓутоа, никогаш не се помируваат со тоа. Тавите луѓе живеат со искривено уверување дека нештата треба да се одвиваат токму онака како што тие сакаат и дека е вистинска трагедија кога тоа не е случај. Притоа, тоа може да се однесува не само на значајните и суштинските работи во животот, туку и на вообичаените, мали секојдневни нешта. Слушајќи ги, понекогаш можеме да добиеме впечаток дека им се случило нешто страшно, катастрофално, за на крајот да дознаеме дека всушност целата драма била поради тоа што не добиле влезница за посакуваната кино претстава, во ресторанот не ја добиле храната која ја нарачале и сл.

Во што се состои ирационалноста на ваквото верување? Можеби нема никаква причина работите да бидат поинакви од такви какви што се во моментот. А и зошто би биле? Затоа што ние така сакаме? Дали тоа значи дека некогаш се однесуваме како универзумот да треба се врти во склад до нашите желби?

Вознемиреноста поради тоа што нештата не се како што сме планирале, вообичаено не помага. Нештата се такви какви што се, без разлика на тоа дали ние се вознемируваме поради тоа или не. Дури вознемирувањето почесто ја влошува ситуацијата, отколку што ни помага (иако во одреден степен може да ни помогне се мобилизираме за да сториме нешто за да си помогнеме на себе или на другите во дадени ситуации).

Што можеме да сториме во врска со генерализираното погрешно уверување дека нештата секогаш треба да се одвиваат како што ние сакаме?

Потсетете се дека живот без проблеми и фрустрации едноставно не постои. Ако очекуваме нешто такво, често ќе бидеме во состојба на разочараност.

Разумно е да не се пренагласува негативната страна на непријатните случувања. Наредниот пат кога ќе се соочите со непријатна ситуација запрашајте се – дали навистина станува збор за катастрофално животно случување (кои за среќа ретко се случуваат), или можеби таквата констатација е предимензионирана.

Ако навистина не можете да сторите нешто за да ја измените ситуацијата, најполезно е да се потрудите да ја прифатите ситуацијата.

Кога ќе забележите дека нештата не се одвиваат по ваша желба, можете да си ги поставите следните прашања:

  • Што најлошо може да ми се случи ако не го добијам тоа што мислам дека морам да го добијам?
  • Што е најлошо што може да ми се случи ако го добијам тоа што мислам дека не би требало?
  • Кои добри работи може да ми се случат ако не го добијам она што мислам дека морам да го добијам?
  • Кои добри работи може да ми се случат ако го добијам она што мислам дека никако не треба да го добијам?

Можеби одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да сфатите дека катастрофата не е близу до вас и дека всушност и не е толку катастрофална.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.