Кои се причините за неконтролиран глад?

Прескокнувањето на појадокот ја пореметува рамнотежата на шеќерот во крвта, поради што се јавува и потреба за храна. Додека недоволното спиење го зголемува нивото на хормонот грелин, кој е задолжен за апетитот.

Дехидрацијата, не доволното внесување на протеини и не доволниот сон се криви за неконтролираниот глад

Дехидрација

Изненадната промена во апетитот може да биде последица на здравствени проблеми. Но и дехидрацијата, може да предизвика глад. Покрај потребата за течност, телото ја добива водата и од храната, така да некогаш мозокот сигнализира лажна потреба за јадење, доколку му е потребна течност. Така да пожелно е да се напиете малку вода пред јадење, затоа што можеби не сте гладни, туку само жедни.

Празни калории

Една од причините зошто се јавува постојано чуство на глад дури и по обилно јадење се празните калории. Телото добило голема „инјекција“ на енергија, но не и хранливи состојки како што се витамините, минералите и влакната. Тоа често се случува после јадење мрсна и пржена храна, па се до благо и грицки.

Прескокнување на појадокот

Појадокот го стабилизира нивото на шеќерот во крвта и го поткренува метаболизмот, додека неговото прескокнување ја зголемува потребата за храна. Доколку телото не добива доволно храна, ќе настане пореметување во рамнотежата на инсулинот во крвта и тогаш телото ќе побара повеќе храна со цел да го стабилизира.

Недостаток на протеини

Протеините и здравите масти поспоро исчезнуваат, поради тоа тие придонесуваат до подолготрајно чувство на заситеност. Недостаток на овие здрави протеини ќе предизвика постојана потреба по храна.

Здодевност

Зголемена глад може да се појави во моментите на здодевност. А воедно, тоа е и причината зошто луѓето внесуваат повеќе калории отколку што им е потребно. Најдобро е да се запрашате дали сте навистина гладни или мозокот само си поигрува со вас.

Дехидрацијата, не доволното внесување на протеини и не доволниот сон се криви за неконтролираниот глад

Недостаток на сон

Недостатокот на сон го зголемува хормонот грелин кој е задолжен за контрола на апетитот. Тоа пак влијае на зголемената желба за калорична и мрсна храна.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.