Кој прв кажува „те сакам“ и зошто е тоа важно?

Едно ново истражување објавено во Журналот за личност и социјална психологија ни покажува кој прв вели „те сакам“ и како оваа изјава се прифаќа. Прочитајте повеќе за изненадувачките заклучоци до кои овие истражувачи дошле…

Кој прв кажува „те сакам“ и зошто е тоа важно?

  • Поголемиот дел од испитаниците веруваат дека понормално е жените да кажат први „те сакам“ во периодот од два месеци по почетокот на врската. Но, на наше изненадување во повеќе од 62% од ситуациите мажите го кажувале тоа први.
  • Во просек, мажите биле посреќни доколку добијат исповед за љубов пред врската да стане сексуална, додека пак кај жените се покажало дека се посреќни ако изјавата за љубов им дојде по започнувањето на сексуалната интимност. Изгледа дека, свесно или несвесно, мажите гледаат на „те сакам“ како „подготвена сум да спијам со тебе“, додека пак жените се плашат дека оваа изјава можеби е кажана само со цел мажите да ги натераат на сексуален однос.
  • Мажите во оваа студија почнувале со размислување за признавање на својата љубов по 3 месеци во врската, а жените го правеле тоа по дури 5 месеци. Гледано од еволутивна точка, жените можат повеќе да изгубат доколку пребрзо се доближат до својот потенцијален партнер, па токму затоа одлучуваат да ги движат работите побавно.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.