Кој вид материјализам ве прави посреќни?

Често се вели дека  поседувањето материјални предмети не нè прави посреќни.

Истражувањата, исто така, велат дека луѓето кои се поголеми материјалисти, поголема е веројатноста да се помалку задоволни од животот и да се повеќе депресивни, параноидни и нарцисоидни.

Всушност, вистинскиот начин да ги трошите вашите пари е на искуства. Тоа е така бидејќи:

  • Искуствата се зацврстуват со времето во меморијата, додека работите кои се поседуваат бледнеат и се распаѓаат.
  • Искуствата тешко се споредуваат, додека на пример, за телефонот очигледно е кога не е во мода.
  • Искуствата се повеќе поврзани со социјалната област во животот, а контактот со други луѓе не прави посреќни.

Барем, ова се верувањата кои ги нудеше психологијата преку резултатите од  истражувањата.

 

Предмети кои овозможуваат искуства

 

Новите истражувања покажуваат дека не сите видови на поседување предмети еднакво влијаат на нивото на среќа.

Постојат единствено материјални предмети, како на пример парче накит, и постојат предмети кои единствено носат искуство, како на пример билети за концерт.

Во средината меѓу нив, постојат предмети кои овозможуваат искуство. На пример, тениските рекети овозможуваат да тренирате тенис, видео игрите овозможуваат да го доживеете виртуелниот свет, додека инструментите ви овозможуваат да свирите.

Кој вид материјализам ве прави посеќни

Истражувачите од Универзитетот во Сан Фрнциско, одлучиле да тестираат како овие три вида на поседување предмети може да влијаат врз среќата на луѓето.

За да истражат, тие ги прашувале испитаниците за тоа колку среќни ги направиле предметите кои неодамна ги купиле.

Тие преку резултатите дознале дека  предметите кои се единствено материјални најмалку ги направиле среќни, додека предметите кои носат искуство ги правеле среќни исто колку и самото искуство.

Ryan Howell, авторот на студијата вели:

„Ова е на некој начин добра вест за материјалистите. Доколку целите да ја зголемите среќата, а сте личност која сака предмети, тогаш треба да купите предмети кои ќе ги вклучат вашите сетила. Ќе бидете среќни исто како и со животните искуства кои ве прават среќни, бидејќи на некој начин овие предмети ќе ви дадат животно искуство.“

 

Лично збогатување

 

Кога се бара причината за тоа зошто производите се толку моќно средство за среќа, одговорот е дека тоа е така бидејќи тие даваат вештини, знаење и искуство. Со други зборови, учењето да играте тенис, да стекнувате знаења од книга, дури и победувањето во видео игра, ни даваат чувство на постигнување цел. Од друга страна, искуството вообичаено ги прави луѓето среќни бидејќи тие главно се споделуваат со други луѓе.

Howell додава:

„Во суштина постојат два различни патишта кон добросотојбата. Доколку не се чувствувате многу компетентни, најдобриот начин да ја пополните таа празнина е преку користење предмети кои носат искуство. Од друга страна, доколку се чувствувате осамено, би требало да „купите“ животно искуство и да правите работи заедно со други луѓе.“



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.