Која е разликата меѓу невроза и психоза?

Двата термини невроза и психоза се употребуваат за да опишат состојби или болест која го нарушува менталното здравје. Иако и двата поими се поврзани со менталното здравје, постои разлика меѓу состојба на невроза и состојба на психоза.

Која е разликата меѓу невроза и психоза?

Неврозата е термин кој опфаќа цела низа на ментални здравствени проблеми кои се движат од анксиозност и едноставни фобии до тешко и долготрајно опсесивно-компулсивно нарушување. Сепак, најчесто невротичната состојба не го нарушува секојдневниот живот и самостојност на човекот, туку создава заеднички симптоми на депресија, анксиозност и стрес. Во одреден степен, повеќето луѓе страдаат на некој начин од невроза како дел од човековата природа.

На пример, некои луѓе се плашат од јавно говорење. Како резултат на тоа, секоја ситуација која вклучува зборување пред поголема група на луѓе, може да предизвика симптоми на (нервно) гадење или повраќање, или треперење и прекумерно потење. Некои луѓе страдаат од потешки симптоми на невроза, и некои форми на невроза се посериозни како опсесивно-компулсивно нарушување. Како и да е, неврозата не е толку сериозна состојба и се разликува од состојбата на психоза.

Од друга страна, психозата се однесува на многу специфични состојби и тие во голема мера се опфатени во две големи категории, односно шизофренија и манична-депресија. Шизофренијата некогаш се јавува акутно и потоа исчезнува. Како психијатриски термин, психозата се однесува на ментална состојба која го нарушува мислењето, перцепцијата, или донесувањето на суд. Личноста која доживува психотична епизода може да халуцинира, стане параноидна, слуша гласови и покажува значително нарушување на мислите и логичното размислување.

Општо земено, психотичната состојба не е постојана. Психотичното однесување се разликува од психопатското однесување и психотичната епизода ретко кога вклучува насилство.

Дали невртичните симптоми и високото ниво на анксиозност може да се развијат во психоза?

Проф. Kevin Gournay одговара на ова прашање. Најголем број од клиентите кои имаат сериозни анксиозни проблеми, првото нешто што прашуваат е „Дали полудувам?“ Многу често, луѓето кои страдаат од анксиозност, се чувствуваат како да се наоѓаат на раб и дека е неизбежно е да ја изгубат контролата и да „полудат“. Овие чувства на губење контрола и страв од „полудување“, предизвикани се од високо ниво на возбуда и мускулна тензија. Така, ако некој се чувствува напнато и вознемирено без никаква причина, мозокот добива сигнали дека постои опасност и треба да се направи нешто, така што се јавува подготвеност за дејстувување. На тој начин, постои погрешно толкување од страна на личноста дека нешто ужасно ќе се случи.

Иако некои луѓе кои имаат шизофренија страдаат од анксиозност, невозможно е луѓето со анксиозни проблеми да развијат шизофренија како резултат на нивното анксиозно нарушување. Лицата кои страдаат од анксиозност треба да бидат уверени дека тие не може да развијат шизофренија како дел од нивната анксиозна состојба, без разлика колку е високо нивото на акнскиозност. Исто така, невозможно е анксиозната депресија да прерасне во манична депресија.

Во суштина, главната разлика меѓу неврозата и психозата е начинот на кој тие влијаат врз менталното здравје. Невротичното однесување може да биде природно присутно во личноста и поврзана е со личниот развој. Психотичното однесување може може да се јавува под различни влијанија. Mоже да се предизвика психотична епизода и под дејство на некои дроги.

Поделбата меѓу невротична и психотична состојба се прави преку евалуација од страна на психијатар или клинички психолог, кој може понатаму да ги третира симптомите преку медикаменти и терапија.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *