Колку интелигентни се кучињата според луѓето?

На еден случаен собир во мојата населба, една жена во разговор кажа – „Кучињата се навистина паметни. Моето куче Арон, може да гo прочита моето расположението дури подобро и од мојот осумгодишен син Виктор.“ Нејзиниот став беше сличен на многу други луѓе кои сум ги слушал претходно. Многу често луѓето се обидуваат да ја споредат интелигенцијата на нивните кучиња со други животни, па дури и со луѓето од различна возраст. Направени се неколку истражувања во оваа област и генерално се смета дека кучињата се попаметни од останатите домашни животни (како на пример кравите, свињите, мачките, коњите, овците и кокошките), но не и попаметни од децата. Најново, еден тим од австриски научници предводени од Tiffany Howwel од Монаш Универзитетот, одлучиле да го истражат ова прашање подлабоко.

Колку интелегентни се кучињата според луѓето?

Во нејзиното истражување, податоците се собирани преку интернет мрежите. Има два главни дела во истражувањето. Првиот дел се однесувал на тоа како луѓето ја перцепираат интелигенцијата или менталниот капацитет на кучињата. Резултатите биле добиени преку презентирање на изјави и барање од учесниците да рангираат колку се согласуваат или не се согласуваат со нив преку скала од 1 = „воопшто не се согласувам“ до 5 = „целосно се согласувам“. Имало и  прашања поврзани со тоа како кучињата ги интерпретираат човечките емоции (на пример „Кучињата се способни да разберат кога нивниот сопственик е среќен“).  Во продолжение, имало и прашања кои се однесувале на решавање на некој проблем и способност за учење (на пример „Ако ставите играчка или некој друг предмет зади жичана ограда, кучињата може да научат да ја заобиколат таа пречка, ако видат како тоа го прават другите кучиња“). Исто така, имало и прашања во врска со кучешкото инстинктивно однесување (на пример „Кучињата може инстинктивно да решат проблем, како отварање на кутија за да земат нешто вкусно за јадење“). И на крајот, биле дадени некои генерални проценки за кучешката интелигенција. Вториот дел од истражувањето се однесува на тоа колку е цврста емоционалната врска помеѓу кучињата и нивните сопствени. На крајот, истражувачите решиле да ги земат само одговорите на оние испитаници кои што чувале кучиња, така што биле анализирани 559 прашалници.

Типично за ваквите истражувања, податоците биле процесирани користејќи неколку комплекси статистички техники (како фактор анализа), кои што често претставуваат потешкотија за просечните луѓе да ги разберат. Но, има неколку интересни заклучоци кои можат да се изведат од истражувањето. Еден од нив е дека емоционалната блискост што луѓето ја чувствуваат кон нивните кучиња е поврзана со тоа колку тие мислат дека нивните кучиња се паметни. Колку е поцврста таа врска, толку повеќе тие ќе ги оценат своите кучиња во однос на нивната интелигенција. Ова значи дека колку сопствениците на кучињата се емоционално поблиски со нив, дотолку сметаат дека кучињата можат да ги разберат нивните емоции, можат да научат како да ги решаваат проблемите, се свесни за човечката грижа, имаат способност да се впуштат во некоја измама и имаат генерално повисока интелегенција од луѓето. Но, имало исклучок во однос на тоа како сопствениците размислувале за инстинктивната способност на нивните кучиња. Со други зборови, тие сметале дека е помалку еројатно кучињата сами да разберат и да донесат инстинктивна одлука-  како да се справат со некоја препрека, на пример како горенаведената, како да дојдат до некоја играчка или до вкусна храна, доколку имаат некоја жичана ограда пред нив. Сопствениците не се двоумеле дека кучињата нема да го решат проблемот, но биле уверени дека тие нема да го решат проблемот само по себе.

Најинтересното нешто од истражувањето било во врска со тоа како сопствениците ги споредуваат годините на своите миленици со нивните години. Најголемиот број од испитаниците сметале дека нивното куче има ментални години како 3 до 5 годишно дете. Но, интересно исто така било што некои сопственици, поточно еден од четворица, верувале дека нивното куче  било паметно како човек кој  има 6 години или повеќе. Еден од десет испитаници верувале дека нивното милениче има ментална способност како човек од 11 години или повеќе и било запрепастувачки што еден од 20 сопственици верувале дека нивното куче има ментална способност на човек од 16 години или повеќе.

Колку интелегентни се кучињата според луѓето?

Но, како овие оценувања од страна на сопствениците на кучињата можат да се споредат со вистинските научни истражувања во врска со менталните способности на кучињата? Сопствениците на кучињата сметаат дека нивните миленици можат да проценат човечка емоција и тие се во право за тоа, според научните податоци што постојат. Сопствениците сметаат дека нивните кучиња можат да научат да ги решаваат проблемите, едноставно гледајќи како тоа го прават луѓето или пак другите кучиња кои го знаат решението. Но, кога е во прашање споредбата на менталната способност на кучињата и на луѓето од друга страна, се смета дека сопствениците сепак  ја преценуваат свесната способност на кучињата од онаа која ни е преставена од стана на научната јавност. Според истражувањето, кучешката ментална способност е слична со таа на децата од две до три годишна возраст. Во најновите студии, сопствениците на кучиња ја ставаат менталната свесност на своите кучиња помеѓу 3 и 5 годишна возраст на луѓето и речиси 25% од нив ја позиционираат малку повисоко од тоа. Така што, кучињата се интелигентни, но не толку многу колку што ние веруваме.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.