Комуникацијата како клуч за проблемот

Добрите вештини за комуницирање се клуч за успех во животот, работното место и врските со семејството, партнерот и пријателите. Без ефективна комуникација, пратената порака може лесно да се претвори во недоразбирање, фрустрација или до дојде до катастрофа поради погрешно интерпретирана или сиромашно пренесена порака.

Комуникацијата е процес во кој две индивидуи или група на луѓе разменуваат информации. Процес во кој се обидуваме да ги пренесеме нашите мисли и намери најчисто и најразбирливо.

Комуникацијата е успешна само доколку двајцата, праќачот и примачот на ист начин ја разбираат информацијата. Кај двајца партнери проблемот со кој се соочуваат расте поради сè посиромашната комуникација и инхибирање на вистинското слушање кое е претворено во механичко слушање. Едниот партнер ја прима информацијата, меѓутоа во тој момент не го слуша другиот партнер туку во мислите ја подготвува својата реплика како подобро би го одбранил својот став. Во меѓувреме проблемот ескалира, а нивното заедничко живеење и сето она што го изградиле до тој момент е втерано во ќош и чека подобро време.

Комуникација како клуч за проблемот

Додека голем број луѓе продолжуваат да се борат, неможноста да комуницираат ефективно, ги држи настрана не само во партнерските односи туку и во сите останати врски.

Ефективни чекори за подобрување на комуникацијата се:

  • Да знаете што сакате да кажете
  • На кој начин ќе се искажете
  • Да слушате (но вистински да слушате)
  • Да бидете подготвени за разбирање, договор и консензус



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.