Работилници за комуникациски вештини базирани врз НЛП практики

Здружението Психоинтегра организира работилници за комуникациски вештини базирани врз НЛП практики. Невро – лингвистичко програмирање  е метода која е насочена кон целите и ресурсите со пристап во комуникацијата и личниот развој. Метода која се користи кога доаѓа до проблем во комуникацијата. Области на примена: Образование, Бизнис, Здравство, Психологија, Комуникација и Спорт.

Кое е значењето на комникацијата? Што значи одговорната комуникација? Како да бидеме влијателни комуникатори? Што значи кога соговорникот во комуникацијата покажува отпор кон нас? Како да комуницираме во ситуации кои ни претставуваат предизвик?

Три, тричасовни и интерктивни модули на кои, користејќи ги принципите на невролингвистичкото програмирање, ќе заземеме една поинаква перспектива во однос на комуникацијата и значењето кое таа го има во секојдневниот живот.

Модул 1

  • Вовед во комуникациските техники на Невролингвистичкото програмирање (НЛП)
  • Комуникациска матрица
  • Комуникацискиот модел на Роберт Дилтс

Модул 2

  • Практични алатки и техники кои ќе ви користат во одговорната комуникација, дел 1

Модул 3

  • Практични алатки и техники кои ќе ви користат во одговорната комуникација, дел 2

 

За предавачот:

Весна Кардалевска, сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Practitioner и сертифициран практичар на програмата Systemic Dynamic Work Method.

По формално образование лингвист, двоен магистер по Југостисточно европски студии и Бизнис администрација (MBA), Весна е долгогодишен менаџер со 20 години богато работно искуство во меѓународни и мултикултурни организации.

Како сертифициран специјалист за подобрување на човечките и институционалните капацитети (Certified Performance Technologist), Весна долги години работи на организацискиот и човечкиот развој на различни институции и компании во земјава, а во последните четири години фокусот го става врз личниот и професионалниот развој на претприемачите во Македонија и Југоисточна Европа, преку спроведување на обуки за комуникациски и презентациски вештини, вештини за справување во конфликтни ситуации, како и преку одржување на индивидуални и групни coaching сесии. Во улогата на директор на Hub Скопје, Весна дава директна поддршка на старт-ап заедницата и младите претприемачи, поттикнувајќи го нивниот напредок.

Како лидер на тимови од различен состав и големина, како човек кој е ориентиран кон луѓето, Весна секојдневно ja практикува својата лична мисија на coach –ги поттикнува луѓето на отклучување на нивните сопствени внатрешни ресурси со цел да ги постигнат посакуваните промени, и ги насочува кон личен раст и развој. Нејзината работа се заснова врз практицирање на НЛП техники како и методи на системски динамики.

„Она од што ми потпевнува срцето е кога во очите на клиентот ќе се види јасно поставена цел, кога од неговиот глас ќе се чуе јасна одлучност и предодредност за промена или пак кога тој ќе успее да допре до себеси со помош на некои нови помалку познати чувства“.

 

На работилниците можат да се пријават сите заинтересирани.

Работилниците ќе се одржуваат за викендите. Првата работилница е закажана на 11.02.2017 година.

Локацијата на одржување на работилниците ќе биде пратена на сите пријавени. Котизацијата за учество во трите работилници изнесува 3.600 денари за уплата извршена до 03.02.2017, односно 3.900 денари за уплата извршена до 08.02.2017.

Сите заинтересирани можат да се пријават на e-mail: psihointegra@psihointegra.org

Контакт тел: 077 909 732

На секој учесник му следува сертификат за поминати работилници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *