Безвременска свесност

Живееме во време во кое силно се чувствува и постојано се зборува за притисокот на времето, потребата да се стигне или да се направи нешто во определен временски рок. Тоа предизвикува стрес, забрзана работа на срцето, невротски симптоми и слично.

Но, дали е можно да не се доживува временскиот рок, а со тоа и оној на крајот од животот?

Концептот за безвременска свест

Според Ајнштајн, линеарното време е вештачки создадено: отчукувањето на часовниците, родендените, поминатите денови на календарите. Ниту идејата за простор-време е вистинска, ниту поимањето на пред и потоа. Доколку Ајнштајн е во право, стареењето е илузија бидејќи зависи од пред и потоа.  Тој го помести линеарното време на флуидно време, односно време кое може да се собере, прошири, забави и забрза. Врз која константа проценуваме со колкава брзина тече нашето време? Одговорот е дека таа мерка сме ние, односно нашето субјективно доживување. Дали нам времето ни лета, едвам ни поминува, тоа е субјективно доживување на времето на посматрачот.

Во однос на горенаведеното прашање, развојната психологија укажува дека е возможно да не се доживува временскиот рок, ако свесноста која е заробена од времерто, ја доведеме на ниво на безвременска свесност.

Свесноста заробена од времето е зависна од:

  • Надворешни цели (одобрувања од другите, поседување материјални богатства и надомест, унапредување во професијата…);
  • Рокови и времески притисок;
  • Сликата за себе која сме ја изградиле;
  • Наученото од минатите болки и неуспеси;
  • Страв од промени и страв од смрт;
  • Збрканост од минатото и од иднината (грижи, жалење, предвидување, фнтазии…);
  • Желба за безбедност:
  • Егоцентричност (ограниченост само на свои тесни интереси).

Резутатите од временски заробената свесност: се конфузија, замор, притисок, чувство на жртва, сепарациона анксиозност, конфликт, тагување и жалење, затворање во телото и егото и така натаму.

 Безвременската свесност е определена од:

  • Внатрешни цели (среќа, самоприфаќање, креативност, задоволство дека правиме најдобро што можеме);
  • Ослободеност од временски притисок, чувство дека има време во изобилство и никој не ни го ограничува;
  • Малку мислење на сликата за себе, дејствување „сега и овде“;
  • Потпирање врз интуицијата и многу имагинација;
  • Слобода за промени и проблеми;
  • Без страв од смрт;
  • Позитивно искуство од постоењето – битието;
  • Ослободеност од егоцентричност, чувство за споделување, алтруизам, основна мотивација да му се помогне на другиот;
  • Чувство за лична бесмртност.

За да се дофатат ваквите карактеристики на емоционална свесност, како и да се одговори на прашањата за пред и по „овде и сега“, потребно е да се осврнеме и на други теми како духовен, спиритуален развој и развој на вишото јас. Тие го опфаќаат субјективното искуство кое е заедничко за сите луѓе, а се однесува на повисока и посеопфатна сила и на поинаква реалност која го надминува индивидуалното постоење.

Извор: Мурџева-Шкариќ, О. (2010) Психологија на возрасните и на стареењето. Скопје: Филозофски факултет



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.