Конструктивна и деструктивна мисловна активност

Многу луѓе не се свесни колку време и психичка енергија трошат во своите глави со мислите кои им прелетуваат. Веројатно, најголемиот дел од енергијата трошат за мисловни активности како – мислење, планирање, фантазирање, предвидување и слично.

Познавате ли луѓе кои изгледаат како да „талкале во вселената“ и кога ќе ги прашате за што размислувале, не се во состојба да ви одговорат? Дали можеби и со вас е таков случајот?

Конструктивна и деструктивна мисловна активност

Времето, во кое сте психички активни, може да се искористи конструктивно или деструктивно. Вие сте тие кои одбираат како ќе го искористите. Но, пред да бидете во состојба да направите одговорен избор, треба да научите да бидете свесни за тоа што го мислите. За тоа, истражете ги мислите што неочекувано се појавуваат. За да се „освестите“ од  талкањето на мислите, може да си ги поставувате почесто во текот на денот, на одреден временски интервал, прашањата: Што мислам, чувствувам, правам Токму сега?

Луѓето кои претерано и без свесност се впуштаат во фантазирање се зависници од мечтаење. Тие ги користат фантазиите како компензации за мртвилото на нивниот вистински живот. Ако би ги истражиле своите мечти, би дознале каков е животот што го сакаат и би можеле конструктивно да планираат промени. Ова се нарекува „приземјување“ и претставува суштински дел на секое работење со фантазирањето. Доколку не се „приземјите“ делувањето ќе го замените со фантазијата, ќе станете зависни од мечтаењето и набргу ќе имате потреба од секојдневната „доза“ претерано мечтаење.

 

Извадок од: „Самотерапија за секого“ – Џенет Рејнвотер



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.