Корсакова психоза

Називот Корсакова психоза или Корсаков синдром е добиен по рускиот невропсихијатар Сергеј Корсаков.

корсакова психоза

 

Се работи за тешко психичко и дегенеративно пореметување кое се состои од деменција (губиток на менталните способности) и полинеуропатија (оштетување на периферните нерви), а се јавува во доцен стадиум на алкохолизам. Се поврзува со недостаток на витамин Б1 и предизвикана е од хронична и прекумерна употреба на алкохол и смален внес на храна. Корсаковиот синдром води до амнезија, дезориентираност, конфабулација, вербално-моторна слабост, апатија. Лечењето се одвива со внес на тиамин (витамин Б1) и правилен режим на исхрана. Лечењето оди споро и состојбата често не е во потполност излечена.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.