Кошмарите и нивното значење

Ние често збориме за кошмарите што ги сонуваме, колку се тие страшни, ужасни и лоши, но тоа не е нешто ново. На пример, како се ближиме до 100-годишнината од Првата Светска Војна , ние читаме стотици стари статии за „кошмарите“ што се случиле во рововите. Исто така сигурен сум дека и многу од војниците што биле вклучени во битката во Нормандија Д – денот тоа нивно искуство го опишуваат како „кошмарно“. И листот може да оди и оди со „кошмари“ или „кошмарни“ зборови кои опишуваат ситуација која е тешко издржлива и за луѓето и за општеството.

Кошмари

Можеме да заклучиме дека секој од нас во некој период од животот имал кошмар или пак, ситуација која била страшна самата по себе и во која сме почуствувале чуство како губење на контрола врз самите себеси. Но, што точно претставува кошмарот? Кошмарите се соништа со дисфорична содржина кои што резултираат со ненадејно будење. Соновите секогаш се случуваат во РЕМ фазата од спиењето кога нашите очи имаат забрзано движење. Лабораториските истражувања покажале дека додека трае психолошката страна на РЕМ спиењето се создаваат сликовити и комплексни состојби поврзани со сонот. Соновите пак, кои се поврзани со незабрзаното движење на очите (НРЕМ спиењето), имаат тенденција да бидат само размислувања или подредување на меморијата во мозокот. Истражувачите потенцираат дека како прогресира ноќта НРЕМ спиењето наликува многу поблиску до РЕМ спиењето.

РЕМ е состојба во сонот која има тенденција да биде вивидна и да има очигледна приказна. Во случајот со кошмарите приказната има таква линија на држење на настаните која што има сериозна закана за физичкиот интегритет, сигурноста или опстанокот и таквата состојба е асоцирана со дисфорија. Кошмарите можат да бидат многу реални или може да вклучуваат сцени кои што се невозможни во реалниот живот. Заедничките кошмарни сценарија варираат од тоа да ве брка некој непријател кој што може да ви нанесе некоја физичка повреда, до тоа да бидете затвореник на некоја вештерка или пак, да бидете киднапиран од вонземјани или да бидете бркани од зомбиња додека трчате навечер на некои гробишта. Врвот на кошмарите е нивната негативност, често страшна емоција и тоа што кошмарите се лесно запомнени по будењето. Меморијата од кошмарите може брзо да исчезне или да биде повратена години подоцна.

Интересно е тоа што многу сонови според истражувачите не се пријатни и често вклучуваат негативна емоционална состојба.  Волонтерите кои што во едно истражување во врска со спиењето биле разбудени за време на РЕМ фазата покажале двојно повеќе негативна емоционална состојба од другите кои што ја имале целата РЕМ фаза. Кошмарите често вклучуваат зголемо чукање на срцето и зголемен крвен притисок. Оваа констатација помага во разликувањето на кошмарите од другите соништа.

РЕМ сонот е силно контролиран од деноноќниот ритам и се случува во втората половина од ноќта. Раните утрински часови се најчесто кога се случуваат соништата. Да се разбудите рано наутро преку кошмар е страшно и непријатно искуство. Но, секогаш после нив следи големо олеснување и повторно забрзано полесно заспивање.

Исто така застрашувачки е кога ќе се разбудите од РЕМ фазата и нема да бидете во состојба да мрднете. Вие тогаш сте преплашени, а воедно и се уште сонувате, попознато како „нападот на демонот“. Во тој случај вие дури може да гледате и делови од собата или да почуствувате некое присуство во истата. Кошмарот е во акција и ние почнуваме да го разбираме тоа и веднаш се будиме. Ние не можеме да се движиме во РЕМ фазата, тоа е затоа што можеме да се повредиме ако импулсивно изреагираме со делови од нашето тело со цел да се одбраниме.

Воглавно кошмарите се непријатни, но не оставаат долготрајни последици. Тие се присутни кај 75% од детските сонови и може да почнат во многу рана возраст како од 2,5 години. Но, најчесто кошмарите почнуваат од шестата до деветата година од животот и ослабуваат со тек на време. Но, секој од нас, без разлика на годините, од најмал до најстар може да доживее кошмари. Тие се најчести кај луѓето кои што се анксиозни и можат да преставуваат аспект на посттрауматското стресно нарушување (PTSD). Кај 80% од луѓето кои што страдаат од посттрауматско стресно нарушување имаат кошмарите. Тие исто така се присутни и кај луѓе со неадекватно време на спиење, најверојатно од нарушувањето на РЕМ спиењето. Воспоставено е дека генерално од 2% до 8% од луѓето имаат проблематични кошмари.

Кошмари

Кошмарите кои што се чести и интензивни може да доведат до избегнување на спиење и до немање на сон. Ова пак нажалост ја зголемува шансата од понатамошни кошмари предизвикани од немањето на сон или од неговото прекинување. Кошмарното пореметување е дијагностицирано кога има чести кошмарни сонови, кои што предизвикуваат стресни ситуации и имаат влијание на социјалниот, работниот или на другите области во животот. Овие влијанија можат да доведат до замор, губење на меморијата, нерасположение, анкциозност, избегнување на спиењето и намалени социални функции.

Често луѓето кои доживеале кошмарен сон реагираат со доверба и признавање дека сонот не бил вистински. Но, кога целосно кошмарно пореметување ќе се создаде, ќе се појави и потребата од понатамошно негово третирање.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.