Критериуми за „нормалното“

Околу нас често се среќаваме со поимот „нормално“. Во разговор со личности од различни профили  можеме да дојдеме до различен заклучок за тоа што е нормално, а што не, или чие однесување отстапува од нормалното. Често можеме да слушнеме коментар или осуда од група луѓе кон одредена личност.

Критериуми за „нормалното“

Но колку околината влијае на една личност во градење на своите ставови? Доколу седнеме на кафе во некоја европска метропола дали ќе дојдеме до исти ставови во однос на „нормалното“ или ако тоа биде некоја земја каде строго се почитува исламот? Што мислите, колку сме либерални ние балканците и кои земји имаат повеќе влијание на нашата култура и нашиот начин на размислување?

Критериуми за нормалното

  1. Според социолозите – секој човек е нормален ако добро функционира на социјален план, ако добро се приспособува во средината и ако воспоставува хармонични односи и меѓусебно разбирање со другите личности.
  2. Според психолозите секој човек е нормален ако поседува добра и зрела интеграција на психичките функции.
  3. За соматичарите секој човек е здрав ако не е болен, односно „нормалноста“ е синоним на „здравје“.

Нормалноста е „психичка благосостојба“, чувство на задоволство од својот живот, способност да се функционира со полн интелектуален, физички и емоционален капацитет на личноста. Нормалноста е способност на сопственото его за проценка на збиднувањата околу него, способност за негово приспособување и за толеранција на разни стрес ситуации. Нормалноста се сфаќа како процес односно систем на интеракција на една личност во текот на целиот живот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.