Кризи: развојни, ситуациски, егзистенцијални

Во најопшта смисла, криза е ситуација или состојба која води до нестабилна или загрозувачка ситуација која може да ја афектира индивидуата, одредена социјална група, задницата или целото општество.

Во психологијата, опишани се повеќе видови на кризи. Психлогот Lawrence Brammer, идентификувал три видови кризи: развојни кризи, ситуациски кризи и егзистенцијални кризи

Развојните кризи се резултат на очекувани животни промени според развојниот период  (премин од еден во друг развоен период) што е поврано со некои животни ситуации (како поаѓање на училиште, бременост, одење во пензија) кои можат да бидат извор на стрес. Најголем дел од луѓето минуваат низ кризите враќајќи се на вообичаеното стрес ниво на функционирање за нив. Некои имаат потреба од професионална поддршка. Како и да е, на сите луѓе им треба извесно време за да ги испроцесираат промените кои ги носи секоја следна развојна фаза.

Ситуациските кризи се најчестата форма на кризи за кои се бара психолошка помош. Станува збор за настан или ситуација која ги надминува функционалните капацитети на личноста да се справи ефикасно со истата. На пример, ситуациска криза може да настане како резултат на сексуален напад, сообраќајна незгода, ненадејна загуба итн. Психотерапевтите се обучени да дадат соодветна подршка на оние кои се соочуваат со ваков процес.

Егзистнцијалните кризи се базираат на човековиот концепт за смисла, стремеж за самоактуелизација и длабока смисла за личносна исполнетост. Често егзистенцијалните кризи се поврзуваат со ситуации или верувања кои личноста ги одминала во животот без да ги искуси, реализира или достигне како цел до одредена возраст. Егзистенцијалните кризи најчесто се јавуваат во по 30-та година кога ги согледуваат плодовите од својот начин на живеење. Според едно истражување, со истата појава се поврзуваат голем дел од самоубиствата кај попуацијата меѓу 45 и 54 гдини.

Во следното видео, д-р. Ken Duckworth зборува подетално за кризите во однос на менталното здравје и што може да направите во врска со тоа:



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.