Кризно психолошко советување

При природни катастрофи и трауматски настани, очекувано е луѓето да бидат во состојба на исклучително силна вознемиреност. Во вакви случаи, постојат неколку битни делови во давањето поддршка, кои се дел од првата психолошка помош:

Пристапете и на личноста

Претставете се себе си и наведете која е институцијата или организацијата со која сте поврзани (секако доколку тоа е случај). Бидете професионални и љубезни во пристапот. Доколку е возможно, појдете на сигурно и поизолирано место за да зборувате.

Помогнете во стабилизирање на емоциите

Зборувајте со смирен и топол тон на гласот. Личноста може да се наоѓа во состојба на силен шок и можеби ќе биде потребно некои работи да ги повторите повеќе пати. Понудете некои релаксациони вежби како зборување полека и длабоко, бавно дишење. Побарајте дозвола пред да ги прегрните или допрете. Може да се наоѓаат во исклулително сензитивна состојба и да не сакаат допир. На некои луѓе пак, телесната поддршка им значи утеха и имаат потреба од поблизок контакт.

Бидете сензибилни за нивните портеби

Прашајте ги лицата што им е потребно, наместо да погодувате. Доколку не знаат што им треба, дадете им техничка помош согласно моменталната ситуација – вода, ќебе, засолниште, храна. Доколку не знаат каде им се блиските, помогнете им да ги најдат.

Информирајте ги каква е фактичката состојба

Дајте им конретни информации за настанот/инцидентот и за сите олеснувачки околности во моментот или кои се најавени. Битно е да не давате лажни ветувања или да ја камуфлирате сериозноста на настаните. Избегнувајте фрази од типот „сè ќе биде добро“. Бидете искрени доколку немате информации за нешто, не давајте лажни информации.

Поддржете ја нивната приказна

Почитувајте ја приватноста на другите. Не ги притискајте да споделуваат детали за својот личен живот или траумата што ја доживеале. Дозволете и на личноста да ги изрази своите духовни или религиозни чувства ако има потреба, во насока на давање смисла на ситуацијата, без разлика дали тоа е во согласност со вашите верувања. Дозволете им да се исплачат или да седат во молк ако имат потреба од тоа.

Упатете ги на соодвени места за натамошна помош

Упатете ги на најблиското соодветно место од кое имаат потреба да побараат помош. Не ги терајте со сила доколку не се подготвени сеуште на тоа. Дајте им контакт од некој центар или установа од која може да добијат помош. И запоменте, на децата им е потребна уште поголема грижа и водство.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.