Купувајте повеќе искуство, а помалку материјални работи

Кој од овие два вида на трошење ве прави посреќни:

  • Животно искуство: серии на настани низ кои некој поминува.
  • Материјални работи: убав предмет кој некој го поседува.

Купувајте повеќе искуство, а помалку работи

Кога илјадници американци биле прашани што ќе одберат, 57% рекле дека искуството ќе ги направи посреќни, додека 34% рекле дека предметите ќе ги направат посреќни. За прв пат мнозинството е во право.

  • Искуството со време се подобрува, бидејќи со време тоа зазема нови значења во нашите мозоци, додека предметите имаат тенденција да остарат.
  • Луѓето ментално се потсетуваат на искуствата, повеќе од предметите кои што ги купиле. Така да, искуството дополнително им обезбедува задоволство иако настанот бил многу одамна.
  • Искуството има отпорност кон непотребното споредување, бидејќи тоа само по себе е уникатно. Додека предметите се лесно споредливи, затоа што се слични едни на други.
  • Искуството е социјално, а социјалните работи генерално нè прават посреќни. Предметите пак од друга страна, не се социјални.

Разликата помеѓу искуството и предметите е далеку од чиста. На пример, куќите се предмети, но бидејќи ние живееме во нив, тие исто така се и делумно искуство. Но сепак, генерално, колку е нешто повеќе насочено кон искуството, толку тоа нешто ќе не направи посреќни.

Ако сакате да се расположите самите себе, тогаш потрошете ги парите на нешто што ќе ви овозможи да стекнете искуство, наместо нешто што ќе биде само материјално. Можеби нема да бидете во можност да го држите резултатот во вашите раце, но затоа ќе живее многу повеќе во вашите мисли.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.