Љубовни игри: Поттикнувањето на љубомората е меч со две острици

Иако за љубомората често се говори дека е знак на вистинската љубов, тоа непријатно чувство нема поврзаност со љубовта и нема ништо добро во поттикнувањето на љубомората, предупредуваат психолозите. И покрај сето ова, луѓето веруваат дека љубомората е лепакот кој уште повеќе ја зацврстува врската, па затоа дури и намерно би предизвикале љубомора кај својот партнер.

Љубовни игри: Потикнување на љубомората е меч со две острици

На Универзитетот Ashland психологот dr. Brent Mattingly и неговиот тим на експерти спровеле истражување во кое предизвикале љубомора на 184 испитаници на возраст од 18 до 44 години и заклучиле дека 84 % од нив барем еднаш намерно предизвикале љубомора кај своите партнери. Ако некогаш сте се слушнале или пишале со некој од вашите претходни партнери знајте дека тоа е причина за создавање на љубомора. Иако тоа ретко се повторува, dr. Mattingly вели дека ако се случи повеќе од еднаш, може сериозно да ја наруши довербата помеѓу партнерите.

Тој воочил дека однесувањето што ја предизвикува љубомората не мора да биде свесно и дека еден од партнерите може да го прави тоа несвесно кон другиот партнер. Освен комуникација со поранешните парнери која е најголемата причина за создавање на љубомората, тука се исто така и споменувањето на тие партнери, нивното опишување, раскажувањето за поранешните излегување со тие луѓе, па дури и самото нивно споменување. Исто така љубомората може да биде и поттикната и со самото спомнување на некој непознат од спротивниот пол, било тоа да било некоја девојка/дечко од улицата.

Љубомората може да се поттикне и од тоа на партнерот/ката му/и ја опишувате ситуација во која вие сте биле пофалени или поласкани од некој друг, па се до тоа да однесувате за да се покажете како поинтересен/на пред некој друг во присуство на вашиот партнер. Ако сте се нашле во ваква ситуација запрашајте се зашто сте го направиле тоа. Експертите заклучиле дека така реагираат личности кои од некоја причина имаат потреба да го тестираат својот партнер и цврстината на својата врска, или пак сакаат да се осветат на својот партнер за сличното однесување или пак имаат потреба да ја контролираат врската и да се почувствуваат помоќно од својот партнер. Некои од нив така си ја зголемуваат својата самодоверба, додека останатите парадоксално така се чувствуваат посигурно.

Љубовни игри: Потикнување на љубомората е меч со две острици

Но, сите тие кои имаат потреба така да реагираат, психолозите предупредуваат дека всушност имаат проблем со блискоста и со довербата. Љубомората не е начин преку кој нешто може да се тестира, туку таа е уништувачки елемент и играњето со нејзе не е едноставно, туку е опасно. Тоа е исто како да му дадете на дете да си игра со кибритчиња. Најбитно од сè е искрениот разговор и довербата. Самата доверба може да биде нарушена од некоја таква реална или нереална ситуација во минатото, но искрениот разговор е решението со кое може да надминете сè. Бидејќи љубомората е само губење време во кое вие може да се оддалечите, а всушност сте сакале нешто многу спротивно од тоа.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.