Лоши идеи за време на лутина

Жолчните расправии не го расипуваат само расположението, бидејќи чувството на бес и лутина може да ги попречат способностите за извршување на секојдневните задачи. Поради тоа, понекогаш најважно е да се смирите пред да продолжите со нормалните активности.

Лоши идеи за време на лутина

Лутината не треба да се „преспие“

Одењето на спиење додека сте лути може да ги зајакне негативните емоции, па и да ги засили последиците врз здравјето, покажала студија од едно американско списание, според која сонот го зајакнува сеќавањето на емоционалните настани.

Ако веднаш после расправија отидете во кревет, таа ќе изгледа уште посилна и чувството на лутина ќе ве прати во поголема мера по станувањето. Поради тоа, подобро е да се прошетате или на било кој начин да се смирите, а дури потоа да отидете на спиење – советува Dr. Allen Towfigh.

Возење под дејство на лутина

Иако не е казнливо со закон, возењето во лута состојба може да биде опасно за сообраќајот, а истражувањата покажуваат дека бесните возачи многу почесто грешат, се изложуваат на ризик и предизвикуваат повеќе несреќи.

Во состојба на лутина телото реагира како во случај на напад, се јавува тунелски вид и се смалува можноста за концентрација – истакнува клиничкиот психолог Dr. David Narang.

„Испукувањето“ ја зајакнува агресивноста

Ако ви се чини како добра идеја да ја удирате перницата или да го фрлите телефонот, имајте на ум дека тоа може дури да ја зголеми лутината, покажуваат студиите. Според нив, физичката пресметка, колку и да е бенигна, создава темел за агресивно однесување. Луѓето кои се навикнале на тој начин да ја совладуваат лутината, почесто губат самоконтрола и создаваат навика на физичка реакција при негативни чувства.

Не би требало да јадете

Емоционалното прејадување не настанува само како резултат на тага, туку и на лутина. Луѓето под стрес многу почесто ги одбираат нездравите намирници, а во тој момент организмот не чувствува ситост и внесот на калории е двојно зголемен.

Расправијата треба да се прекине

Продолжување на расправијата и после „губење на живците“ е апсолутно контрапродуктивно, а тогаш најчесто се кажуваат работи заради кои подоцна ќе зажалите. Понекогаш се потребни 10 минути, а понекогаш 10 денови за да се оладиме, зависи од видот на однос и типот на расправија. Но јасно е дека во расправиите каде се губи самоконтролата и разговорот се сведува на навреди, нема право решение ниту смисла.

Не треба да пиете

Посегнување по алкохолот како би се смириле после расправијата го прави сосем спротивното, бидејќи ефектот на пиењето е давање „претерана храброст“, вели Narang. Тоа е докажано и на магнетските снимки на мозокот на кои се отчитува појачана активност во предните делови на мозокот кои се одговорни за самоконтрола.

Немојте да го игнорирате крвниот притисок

Ризикот од срцев или мозочен удар се зголемува и останува таков до два саати по испадот на бес. Тоа е особено опасно за оние кои боледуваат од кардиоваскуларни болести, а најпаметна работа која можете да ја направите после расправија е да го проверите крвниот притисок. Неговите вредности често ги тераат луѓето да се смират и бесот да го решат на поинаков начин, а не со натамошно вознемирување.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.