Луѓето одбираат брачни другари со слична ДНК

Едно ново истражување покажува дека поголема е веројатноста луѓето да одберат партнер со слична ДНК. Ова е едно од  првите истражување во однос на генетиката на партнерите.

Луѓето ги одбираат брачните другари со слична ДНК

Носечкиот автор на истражувањето Benjamin Domingue, вели:

„Општо познато е дека луѓето одбираат партнери кои се слични еден на друг.

Но, секогаш се поставувало и прашањето – дали се одбираме случајно и кога се во прашање гените.“

Во истражувањето биле анализирани 825 non-Hispanic американциски парови, со цел да се види дали нивната ДНК е повеќе слична во споредба со било која друга личност од испитаниците.

Од анализата на 1.7 милиони индивидуални нуклеотидни полиморфизми, тие откриле дека имало многу помала генетска разлика меѓу партнерите, во споредба со било кој друг испитаник во истражувањето.

Предходните истражуваа покажале дека еден од одлучувачките фактори во изборот на партнер е нивото на образование.

Истражувањето покажало дека ефектот на слична ДНК бил околу една третина од ефектот на образованието во скалата на слични избори за одбирање на партнер.

Спротивностите не се привлекуваат

Наспроти познатата изрека, истражувањето покажало дека во просек, спротивностите не се привлекуваат и дека луѓето бараат сличност кога станува збор во врска со изборот на партнерот. Сега знаеме дека тоа е вистина и во однос на гените на партнерите.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.