Луѓето повеќе би сакале да добијат електричен шок отколку да бидат сами со своите мисли

Во еден неверојатен психолошки експеримент голем број од испитаниците одлучиле да добијат електричен шок наместо да седат мирно и да не прават ништо во рок од 15 минути. Според една неодамнешна студија, поголемиот дел од луѓето повеќе би сакале да прават било што отколку да седат сами и да размислуваат, дури и ако тоа вклучува добивање на болен електричен шок.

lugjeto-povekje-bi-sakale-da-dobijat-elektrichen-shok-otkolku-da-bidat-sami-so-svoite-misli-www.psihologija.com.mk

Психолозите од Универзитетите Харвард и Вирџинија ги сместувале луѓето да седат сами во празна просторија помеѓу 6 и 15 минути. Професорот Timothy Wilson, кој ја водел оваа студија вели:

„Ние кои уживаме да поминуваме време сами со себе и време посветено целосно на размислување сметаме дека резултатите од оваа студија се изненадувачки и невозможни, но ете сепак успеавме да откриеме дека нашите учесници секогаш одбираат да прават било што освен да седат сами со своите мисли за многу краток временски период.“

Луѓето постојано тврделе дека не уживаат во краткиот временски период за размислување и дека имале проблеми со концентрацијата врз своите мисли. Голем дел од испитаниците велеле дека попрво би слушале музика или би ги користеле своите смартфони за времето побрзо да им помине. Неверојатно, нели?

Како едно од најдраматичните откритија од ова истражување е групата на испитаници кои покрај себе имале копче кое доколку го притиснете ќе ви нанесе благ електричен шок. Од 18 мажи кои биле сместени во оваа просторија, дури 12 од нив барем еднаш го притиснале копчето во својот 15-минутен „период за размислување“, а еден човек на кој му било толку многу здодевно го притиснал неверојатни 190 пати. Од 24 жени во оваа просторија, 6 од нив го притиснале копчето за електричен шок барем еднаш. Разликата помеѓу мажите и жените се смета дека настанала поради поголемата потреба за сензација која се наоѓа кај мажите. Авторите велат:

„Она што е неверојатно е дека очигледно за луѓето е голем проблем да бидат сами и да не прават ништо, па токму затоа решаваат да си нанесат болка само колку да ги одбегнат своите мисли.“

Можеби би рекле дека ова се случува само со новите генерации кои од мали нозе знаат да управуваат со технологијата која ги опкружува, но ова истражување било спроведено на испитаници од сите возрасти. Истражувачите биле особено изненадени од фактот дека дури и постарите испитаници не сакаат да се сами со своите мисли. Тие сметаат дека умот е дизајниран за да е во контакт со светот, но по не и по цена да изгубиме контакт со себе.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.