Менаџирање со конфликти: решливи наспроти повторливи проблеми

Сите ние имаме конфликти во врските. Некогаш тие се само обични недоразбирања, додека некогаш се големи битки. Техниките за справување со конфликтните ситуации биле креирани од страна на Gottman Institute и вклучуваат шест специфични техники кои ќе ви помогнат на вас и на вашиот партнер во нивното решавање и претворање на тие конфликти во подобрени можности за комуникација, компромис и заедничко сочувство.

Менаџирање со конфликтите: решливи наспроти нерешливи повторливи проблеми

Според Dr. Gottman шесте способности за менаџирање на конфликтите се:

  1. Вежбајте како да се смирите.
  2. Започнете релаксирана дискусија.
  3. Поправете и не дозволувајте ескалација.
  4. Слушајте ги чувствата и желбите на вашиот партнер.
  5. Прифатете влијание.
  6. Направете компромис.

Кога имате некој проблем во врската треба да го разгледате и да видите дали тој е решлив или повторлив проблем. Истражувањата покажале дека околу 69% од проблемите во врските се проблеми кои не се така брзо решливи, односно се подолготрајни и се повторуваат. Овој вид на проблеми ги имаат сите парови, затоа што ние како индивидуи се разликуваме едни од други и нашите желби, потреби и навики ни се различни. Тие може да бидат 1) фундаментални разлики во самата личност која постојано создава конфликти или 2) фундаментални разлики во вашиот начин на живот кој што постојано создава конфликти. Во ова истражување, истражувачите дошле до заклучок дека наместо да ги решаваат нивните повторливи проблеми, поважно било дали ќе може парот да воспостави дијалог во врска со нив. Ако не можат да воспостават таков дијалог, конфликтот останува нерешлив за многу долго време или засекогаш, а таквиот конфликт сам по себе ќе доведе до емоционално одалечување на партнерите.

Сега ќе се обидеме да објасниме што преставува решлив проблем, проблем кој што се повторува и нерешлив проблем.

Решлив проблем може да биде во врска со чистењето дома, дисциплината на децата, сексот. Решливите проблеми кај еден пар може да бидат тема на разговор и на друг пар, но кај нив истите проблеми се во групата на повторливи проблеми. Решлив проблем во една врска може да биде поврзан за одредена ситуација. Конфликтот е стрикно за таа тема и може да нема подлабоко значење или создавање определено мислење кај секој од партнерите. Решението може да се пронајде и да се одржува.

Повторливи проблеми се проблеми каде што изворот потекнува од овие две фундаментални разлики, во самата личност или од начинот на живот кој го практикуваме како поединци. Сите парови имаат проблеми кои се повторуваат. Овие проблеми може да бидат за исти теми и за некој пар преставуваат решливи проблеми, но за разлика од решливите проблеми, кај други парови овој вид на проблем се повторува постојано.

Нерешливите проблеми преставуваат проблеми кои на почетокот биле повторливи, не им било посветено никакво внимание и ги класифицирале како проблеми кои не се пријатни за дискусија. Кога еден пар ќе се обиде да го продискутира овој вид на проблем, тие ќе се почуствуваат како да се наоѓаат во некое тркало кое постојано се врти и на крајот не ги носи никаде. Природата на овој вид нерешлив проблем е дека секогаш постои некое скриено прашање.

Менаџирање со конфликтите: решливи наспроти нерешливи повторливи проблеми

Методите на Готман се фокусираат на емоционалната интелегенција и креираат способности за менаџирање на конфликтите, кои се фокусираат на самите партнери да создадат систем на заедничко споделување во врската. Она што е важно, не е решавањето на таквиот повторлив проблем туку ефектот кој ќе се добие од самата дискусија. Целта е да се воспостави дијалог за тој вид на проблем, кој ќе преставува прифаќање од вашиот партнер со доза на хумор, приврзаност па се до активно помирување дека проблемот ќе остане тука, наместо да се дозволи проблемот да остане неотворен. Дискусиите за нерешливите проблеми водат кон размена на ладна тишина која скоро секогаш ги вклучува „Четирите Коњаници“ (критикувањето, презирот, одбегнувањето и дефанзивноста).




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.