Мистични сонови: околу 12% од луѓето сонуваат во црно-бела боја

Старите Грци за соновите велеле дека се пораки од боговите, додека пак Египјаните верувале дека соновите преставувале ослободување од земјените грижи. Соновите уште од минатото биле тема  на многу цивилизации и научници. Според некои тие откриваат што ги мачи луѓето додека се тие свесни и затоа истите се нарекуваат и господари на подсвеста. Мистичноста која ги обзема овозможила тие да се толкуваат на многу различни начини. Еве неколку интересни факти за соновите:

И бебињата сонуваат

Доенчињата речиси 70 проценти од своето време го поминуваат спиејќи, додека половина од тоа време тие сонуваат. Се верува дека сонуваат за секојдневните работи како што се исхраната, мирисите и чувството на задоволство. Се претпоставува дека првите кошмари се појавуваат околу втората година од животот.

Мистични сонови: Околу 12 проценти од луѓето сонуваат во црно-бела боја

Секоја вечер сонуваме по час и половина

Луѓето третина од својот живот го поминуваат спиејќи, додека пак во текот на ноќта имаат околу пет сонови. Соновите траат околу час и половина.

Соновите поврзани со паѓањето често се последица на привремена парализа

Еден од најчестите сонови е оној во кој паѓаме или летаме. Во текот на спиењето мозокот ги парализира мускулите, а веднаш по будењето тие се собираат што доведува до чувство на паѓање. Можно е парализата да трае и подолго така да кога ќе се разбудите можно е и воопшто да не можете да се помрднете. Ова пореметување може да биде застрашувачко, но тоа самото по себе е безопасно.

Мажот кој не сонува

Соновите се значајни за помнењето и животот во глобала, со такво тврдење се согласувале голем број на научници сé до 1982 година. Тогаш се сретнале со случајот на еден повреден војник Јувала кој три дена спиел без да сонува. Му бил погоден дел од мозокот одговорен за РЕМ фазата. Научниците сметале дека без да сонува војникот ќе има проблем со помнењето, затоа што студиите направени врз животните потврдиле дека тие имале посериозни здраствени проблеми, а на крајот и смрт. Меѓутоа војникот до ден денешен немал никакви здраствени проблеми, тој е успешен адвокат и сликар и живее живот без сонови.

Мистични сонови: Околу 12 проценти од луѓето сонуваат во црно-бела боја

Мозокот е најактивен

Иако спиењето се поврзува со мир и одмор, во текот на сонот мозокот е подеднаков активен исто како и кога е буден. Освен тоа пулсот се забрзува, додека остатокот од телото привремено се парализира.

Соновите се најчесто негативни

Соновите често се негативни отколку позитивни. Најчесто предизвикуваат чувство на лутина, страв и тага. Главните ликови во соновите кај мажите во речиси 70 проценти од нив се машки ликови, додека жените подеднакво сонуваат сонови во врска со двата пола.

Црно – бел свет

Не сонуваат сите луѓе во бои, речиси 12% од нив сонуваат во црно-бел свет.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.