Митови и факти за менталните болести

Кои се најчестите митови за менталните болести?

Мит: Од ментални болести страдаат само малкумина луѓе.

Факт: Менталните болести се честа појава. Едно од пет лица во Австралија страда од ментална болест. Се јавува кај луѓето од сите возрасти, образование, нива на приход и култура.

Мит: Менталната болест е предизвикана од личната слабост.

Факт: Менталната болест не настанува како недостаток на карактерот на личноста. Предизвикана е од генетски, биолошки, социјални и средински фактори.

Мит: На луѓето со ментални болести никогаш не им се подобрува состојбата.

Факт: Со вистинска и соодветна помош, на повеќето луѓе со ментална болест им се подобрува состојбата и може да водат здрав, продуктивен и задоволувачки живот.

Мит: Луѓето со ментална болест можат самите да се „излечат“.

Факт:  Менталната болест не е предизвикана од личната слабост и не се „лекува“ со личните силни страни.

Мит: Лицата со ментална болест се насилни.

Факт: Лицата со ментална болест не се помалку или повеќе насилни од остатокот од популацијата. Лицата кои страдаат од ментална болест поголема е веројатноста да се повредат самите себе, или да бидат повредени, отколку да повредат друга личност.

Мит: Лицата со ментална болест треба да останат во болница.

Факт: Со соодветен третман и поддршка, лицата со ментална болест можат да живеат успешно во заедницата. Всушност, мнозинството од луѓето со ментална болест живеат независно во заедницата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.