Митови поврзани со арт-терапијата

Арт-терапијата е форма на психотерапија која ја користи уметноста како главен медиум за комуникација. Таа се разликува од другите психотераписки пристапи по тоа што процесот е тринасочен – меѓу клиентот, терапевтот и артефактот или изведбата. Преку арт-терапијата личноста ги пројавува своите чувства, мисли и внатрешни конфликти во вид на слика, изработка од глина, поезија, музика, танц, телесни сензации и слично. Особено е корисна и се препорачува за луѓето кои тешко ги изразуваат мислите и чувствата вербално.

Митови поврзани со арт-терапијата

Како и секоја друга психотерапевтска дејност, така и за оваа постојат голем број на митови. Погледнете дел од нив…

Мораш да бидеш уметник за да се вклучиш во арт-терапија

  • Арт-трапијата помалку се занимава со продуктот, а повеќе со креативниот процес. Суштината на креативниот процес е да го поттикне клиентот да го произнесе она што е внатре во личноста, истото да го материјализира, подобро да го почувствува, запознае, разбере, а не да се оцени уметничкото дело во смисла на вештините за изработка.

Арт-тепијата се препорачува само за деца

  • Арт-терапијата е погодна за деца бидејќи тие не умеат вербално да го изразат она што го чувствуваат на начин како што можат возрасните. Исто така, уметноста е блиска до начинот на кој тие ги доживуваат нештата околу себе, прифаќајќи го творењето како еден вид игра. Сепак, арт-терапијата е еднакво корисна како за децата, така и за возрасните. Таа се употребува без разлика дали станува збор за уметници, интелектуалци, лица со посебни потреби и слично.

Атр-терапевтот ќе дознае сè за твојата личност и сите твои тајни само со еден поглед на твоето дело

  • И покрај тоа што арт-терапевтите се оспособени да го интерпретираат делото на одредено ниво, сепак суштината во изработката не е терапевтот да го интерпретира делото, туку да поставува прашања со кои подобро ќе го запознае клиентот или клиентката и ќе му помогне тој/таа подобро да се запознае себе.

Арт-терапијата служи за учење на вештини за сликање, изработување скулптури и слично

  • Целта на арт-терапијата не е да се научат уметнички вештини, туку тие да се користат за тераписки цели. Во терапискиот процес личноста може подобро да се запознае со употреба на различни материјали и методи за да го изрази она што сака, на различни начини, но тоа е само пропратен ефект на терапискиот процес, а не цел сама по себе.

Арт-терапевтот не е вистински терапевт

  • Арт-терапевтите се специјализирани психотерапевти кои се едуцирани да користат креативни процеси во терапијата. Со други зборови, тие се како и другите терапевти кои го користат разговорот во терапијата, но имаат и дополнителни обуки за користење на уметноста во самата терапија.

Секој терапевт кој користи уметност како медиум во текот на терапевтскиот процес може да се нарече арт-терапвт

  • Тоа што некои терапевти понекогаш користат уметност во текот на терапијата, не значи дека се обучени и сертифицирани да работат арт-психотерапија. Другите психотерапевтите може понекогаш да користат арт-техники, но за да станат арт-терапевти мора да поминат низ специјализирана обука.

Во текот на секоја тераписка сесија ќе мора да се изработува некакво дело

  • Бидејќи арт-терапевтите се обучени за терапија преку разговор како и терапевтите кои ги користат другите психотераписки пристапи, тие може само да разговараат во текот на сесијата со клиентот или да користат други тераписки техники како – водење на фантазија, техники со дишење или градење на вештини за решавање проблеми, справување со страв…

Материлизирањето на внатрешните психички содржини на личноста преку уметност може да биде многу моќен метод и искуство кое носи големи личносни промени. Многу чувства и проблеми може да се појават на површина со изработката/изведбата на арт-делото. Токму арт-терапевтите се специализирани да работат со тоа и да го разберат целиот процес, од кој клиентите може да имаат големи лични придобивки.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.