Многумина од пушачите не ја гледаат користа од откажувањето од цигарите

Луѓето чиј што мозок функционира на начин на кој што се мотивираат преку добивање на награди, лесно престануваат да пушат, бидејќи се фокусираат на тоа.

Многумина од пушачите не ја гледаат користа од откажувањето од цигарите

Колку некој ќе биде успешен во одвикнување од цигарите може лесно да се предвиди, тврдат научниците од Универзитетот од Пенсилванија САД. Тие откриле дека не е битен бројот на цигари кои некој ќе ги испушти во еден ден, ниту колку долго пушеле, туку најбитна е мозочната активност.

Во студијата биле проучувани магнетните резонанси на доброволци кои што се обидувале да престанат да пушат, а особено се концентрирале на делот од мозокот задолжен за чувството што го чувствуваме кога добиваме некаква награда. На испитаниците на возраст од 18 до 45 години за откажување им се нуделе и пари. Потоа го снимале нивниот мозок, а два часа после експериментот им биле понудени цигари. Оние на кои паричната награда им прдизвикала мала мозочна реакција, први „потклекнале“.

Dr. Stephen Wilson заклучил:

„Додека за некој награда претставуваат парите или заштедата, за други тоа е здравјето или животните промени, секое одвикнување од зависноста може да биде компензирано со некоја награда“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.