Музичкото учење ги зголемува извршните мозочни функции на децата и возрасните

Според едно ново истражување музичкото учење може да ги зголеми извршните мозочни функции и на возрасните и на децата. Изгледа дека луѓето со музичко учење прават подобри избори и нивните мозоци ги процесираат информациите поефикасно.

нузичкото учење ги зголемува извршните мозочни функции на децата и возрасните

Мозоците и однесувањето на децата и на возрасните музичари се споредени со не-музичарите во едно истражување од страна на Бостонската Детска Болница. Петнаесет музички тренирани деца и 15 возрасни професионални музичари биле регрутирани и споредени со не-музичари на најразлични варијабли како семеен приход, IQ, семејно образование и слично.

Тие откриле дека:

„Возрасните музичари споредени со не-музичарите покажале зголемени перформанси на мерки како свесна флексибилност, работна меморија и вербална комуникација.

Музички образованите деца покажале зголемени перформанси на мерки како вербална комуникација и процесирачка брзина…”

Заедно овие способности се познати кај психолозите како извршни функции. Високо ниво на извршни функции е тоа што им овозможува на луѓето да донесуваат добри одлуки, ефективни планови и да бидат флексибилни кога ситуациите се менуваат. Тие исто така им овозможува да ги процесираат информаците брзо и ефикасно. Неизненадувачки е дека овие вештини се силно поврзани со академските способности.

Еден од авторите на студијата, Nadine Gab, вели:

„Додека извршните функции се строга претпоставка на академските достигнувања, дури повеќе од IQ, ние веруваме дека нашите резултати имаат цврсти академски импликации.

Додека многу училишта ги скратуваат музичките програми и трошат повеќе и повеќе време на подготовка на тестови, нашите истражувања сугерираат дека музичкото вежбање може да помогне во насочувањето на децата кон подобра академска иднина.”

Покрај овие мерења, истражувачите погледнале и во активности во мозокот. Тие откриле зголемени активности во области во предниот центар кои што се поврзани со тоа како ефикасно се префрлуваме од задача на задача.

МАГИЈАТА НА МУЗИКАТА

Практикувањето на музиката е веќе поврзано со значителна палета од свесни подобрувачи:

„Музичарите покажале зголемени јазични способности споредбено со не-музичарите во повеќе области, особено во вокалното познавање, обработката на зборовите и селективното препознавање на говорот во бучава.

Перцептивните способности во музичката област покажале поврзаност и корелација со раната способност за читање и фонолошките процеси во пред школската и пред градинската возраст.

Како додаток, музичкото учење има докажано цврста поврзаност со академските способности, специфично способностите за читање и математичките достигнувања.”

Ова истражување дава одличен доказ за моќните ефекти на музиката во подобрување на извршните функции и на децата и на возрасните. Практикување музика сега може да се додаде на другите три активности за кои е познато дека ги зголемуваат извршните функции кај децата:

  • Физичко вежбање
  • Тренирање на свесноста
  • Боречки вештини

Nadine Gaab заклучува:

„Нашите истражувања може да имаат импликаци за децата и возрасните кои што се борат со извршните функции, како што се децата со Синдромот на дефицит на вниманието и хиперактивност.

Идните истражувања треба да покажат дали музиката може да се искористи како терапевска алатка за интервенција за децата и возрасните.”




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.