Музика во автомобилот: Дали ја подобрува концентрацијата или дистрактира?

Многу луѓе веруваат дека слушањето на музика во автомобил може да биде добро за концентрацијата. Но може ли музиката да биде и дистракција која може да биде навистина опасна?

Покрај тоа што ова е практика секоаш кога ќе влеземе во автомобил, ние немавме многу познавање за тоа какви се ефектите од сето ова, сè до сега.

Музика во автомобилот: Дали е добра работа или дистрактира?

Сигурна музика?

Првото истражување доаѓа од една нова студија спроведена помеѓу млади возачи почетници.

Во оваа студија, 85 млади луѓе биле регрутирани, со просек од 18 години и просечно искуство откако го положиле тестот од 7 месеци.

Младите луѓе биле замолени да возат на локален пат со инструктор до нив, и со еден истражувач кој ги надгледувал што прават. Секој пат кога ќе направеле грешка, како пребрзо возење, занесување на колата или возење со една рака, било забележано од страна на надгледувачот.

Што се однесува до музиката во автомобилот, имало три случаи:

  • Избор на возачот: најпопуларниот жанр бил поп, транс или техно.
  • Музика одбрана од истражувачот.
  • Без музика.

Се претпоставувало дека возачите ќе изберат да возат без музика, отколку да ја слушаат својата омилена или пак музиката дадена од испитувачот. Проблемот се состоел во тоа тоа што додека ја слушале својата избрана музика, за младите возачи било поверојатно дека ќе направат некоја грешка. Тие возеле повеќе агресивно кога ја слушале својата музика и биле повеќе дистрактирани.

Се испоставило дека музиката дадена од истражувачите била дури побезбедна отколку возњето без музика.

Бидејќи оваа студија вклучуала само нови возачи, не може да ни каже за тие кои имаат малку повеќе искуство. Можеби возачите со поголемо искуство нема да бидат толку многу под влијание на музиката што ја слушаат.

Дали музиката ве држи свесни?

Многумина веруваат дека главната причина на слушањето на музиката додека возите е да се одржува свесноста што е можно подолго.

Но, има многу малку докази дека има некоја голема разлика. Дури и да го спуштите прозорецот малку додека возите, има многу мал ефект.

Ако свесноста е проблемот, подобро е да застанете негде за да преспиете, па подоцна да се напиете некое кафе – ова навистина функционира.

Музика во автомобилот: Дали е добра работа или дистрактира?

Караоке

Главната причина за слушање на музика додека возите е прилично очигледна за многумина: премногу е забавно. Недостатоците се многу нејасни во моментов. На пример, сите ние знаеме колку сме посреќни додека пееме кога возиме.

Не знаеме дали недостатоците на слушање музика додека возиме може да се препишат и на поискусните возачи, треба да чекаме на дополнителни истражувања за да откриеме.

До тогаш доколку сте нов возач, подобро е да ја избегнувате вашата омилена музика додека возите: можеби ве прави да се чувствувате одлично, но исто така ве прави и да бидете многу повеќе опасен возач.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.