Начини на кои можете да ја мотивирате секоја личност

Постои бројна психолошката литература која обработува теми за успешно ракодоводство, родителство и слично. Во нив  мотивацијата која се опишува најчесто се дели на два вида: екстринзична (надворешна) мотивација и интринзична (внатрешна) мотивација.

Екстринзичната мотивација е оној вид мотивација која е насочена кон надворешни цели (на пример: финансиска добивка; да се биде впечатлив за околината; да се биде препознатлив или признат од страна на други луѓе итн.). Така, за овој вид мотивација карактеристична е насоченоста за материјална добивка, успех, углед и признание, или избегнување на негативен исход. Со други зборови, желбата за добивка или избегнувањето на казна доаѓа од надвор.

Начини на кои можете да ја мотивирате секоја личност

Од друга страна, за интризината мотивација какрактеристична е насоченоста кон внатрешноста состојба и содржина на личноста (на пример да се има исполнет живот; да се има задоволувачки односи со ближните и слично.). Овој вид мотивација не е водена од надворешните фактори, туку добивката доаѓа од внатрешноста на личноста. Резултатите од истражувањата велат дека луѓето кои има даваат приоритет на внатрешните, наспроти надворешните цели, имаат повисок степен на добросостојба.

Начини на кои можете да ја мотивирате секоја личност

Еден чест пример за екстринзична и интринзична мотивација од секојдневниот живот е пристапот на учениците кои учат за оценка (екстринзична мотивација) и учениците кои учат за знаење (интринзична мотивација).

Знаењето што е тоа што ги мотивира луѓето, допринесува и за одржување на меѓусебни добри односи. Одговорот на прашањето – што е тоа што ги мотивира луѓето? – е комплексен бидејќи секој човек е мотивиран од различни потреби, во различни степени и во различно време. Степенот на задоволството и смислата кои ги доживуваме во животот може да се под влијание на тоа колку ефикасно ги задоволуваме своите потреби. Во таа насока, размислете на следните неколку прашања:

  1. Што е тоа што ве предизвикува да го дадете својот максимум во работата?
  2. Дали би работеле доколку не би имале потреба?
  3. Дали интризичната или екстринзичната мотивација е поблиску до она што ве опишува вас?

Темата за мотивацијата кај луѓето е посложена од поедноставениот заклучок дека интризичната мотивација е „добра“, а екстрензичната мотивација е „лоша“. Не размислувајте за нив како за битка помеѓу два вида мотивации и насоечете се кон тоа на кој вид цели им давате приоритет.

Психологот Steven Reiss наведува дека постојат 16 клучни вредности/потреби/мотиви. Знаејќи на кои им даваме приоритет, може да се даде објаснување зошто се однесуваме на начин на кој се однесуваме. Исто така, знаејќи како овие 16 основи се воспоставени според приоритетот кај другите луѓе, ние може да им помогнеме да ги мотивираме (на пример работниците во организацијата или блиските во меѓуличните односи). Основите на мотивацијата се:

  • Љубопитност – потреба за знаење и искуство;
  • Прифаќање – потреба за вклученост;
  • Ред – потреба за организација;
  • Физичка активност – потреба за вежба на мускулите;
  • Чест – потреба да се биде лојален на семејството и потеклото;
  • Моќ – желба да се влијае врз други;
  • Независност – потреба за самодоверба;
  • Социјален контакт – потреба за дружење и блискост;
  • Семејство – потреба за одгледување деца;
  • Статус – желба за социјален стандард;
  • Идеализам – потреба за социјална правда;
  • Одмазда – желба за израмнување;
  • Романса – потреба за интимна поврзаност и сексуалност;
  • Јадење – потреба за конзумирање храна;
  • Чување – потреба за собирање на работи;
  • Смиреност – потреба за емоционален мир.

 

Запомнете дека:

Луѓето се однесуваат на начин на кој ги изразуваат своите вредности;

Вредностите го предвидуваат однесувањето;

Луѓето не се секогаш свесни за своите вредности;

Приоритетот кој им го даваме на вредностите, може да се менува со времето.

 

Доколку навистина сакате да мотивирате некого, дознајте што е тоа што навистина го мотивира. Вредностите кои ја опишуваат некоја личност, даваат најдобар увид за тоа како да се мобилизира нејзината енергија.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.