Надминете го стравот од неуспех

„Неуспех“ е збор кој за нас најчесто е нејасен исто колку што е и застрашувачки.

Какво значање всушност има зборот „неуспех“ за вас? – Најчесто станува збор за нешто што е повеќе од стравот од губење пари, време или углед. На логично ниво, неуспехот – како обид за правење нешто кое на крајот не завршува како што треба – е само еден чекор во процесот на постигнување успех. Во таа смисла, зошто некој треба да се плаши од неуспехот? Тоа значи дека има нешто што е уште позначајно за нас од времето, парите и угледот.

Страв од неуспех

Неуспехот, на логично ниво нè изложува на тоа што го доживуваме како несоодветно, детско или ранливо. „Ако се обидам, а не успеам, сите ќе знаат дека сум…“ Може да одговорите со што било, што претставува најголем кошмар за вас – глупав, слаб, недостоен итн. Овие нешта всушност, многу потешко ги поднесуваме отколку едноставната загуба на ресурси.

Каква е вашата основа на тоа што за вас претставува неуспех?

Ако сте навикнати да слушате „Кој се замислуваш дека си?“ (со овие зборови, или имплицитно) може да предизвика да размислувате за себе на тој начин. Кога и да се обидеме со правење нешто ново, ние ризикуваме, но природата на тој ризик варира од личност до личност. Затоа, прашајте се себе си: „Што ризикувам кога се обидувам да направам нешто ново? Никогаш не застанувајте на – „неуспех“ кога ќе одговарате на ова прашање. Што значи неуспехот за вас? Како точно тоа се одразува на вашата добросостојба?

Еден заеднички страв кој се наоѓа во основата на стравот од неуспех е гледањето на себе си како дете кое се претставува на возрасни. Но, маската на возраста може лесно да падне, особено во моментите кога со соочуваме со несигурност. Дали сте загрижени дека другите луѓе сметаат дека вие си мислите за себе дека сте посебни? Ако е така, понижувањето за можниот неуспех може да биде доволно за да ве спречи на вашиот пат. Загрижени сте дека би биле идентификувани како крајно неспособни? Неуспехот може да ги потврди вашите најлоши сомневања за вашите способности, или недостатоци.

Враќање на основата

Доколку не сте сигурни од каде потекнува вашиот страв од неуспех, свртете се кон темите со кои сте се соочувале во вашето семејство во времето кога сте растеле.

Страв од неуспех

Семејни вредности кои може да создадат внатрешни конфликти во однос на постигнувањето на целите:

  • Понизност: (Што си замислуваш дека си? Треба да се засрамиш од себе!)
  • Безбедност: (Подобро врапче во дланка, отколку гулаб на гранка.)
  • Да се има сè: (Ако не го знаеш тоа што го правиш, не се мачи.)
  • Не замај повеќе од својот дел: (Треба да бидеш среќен со тоа што го имаш.)
  • Напорна работа: (Ако не си успеал, тоа е поради тоа што не си се трудел доволно.)
  • Перфекционизам: (Имаш само еден потег за да го постигнеш тоа. Искористи го добро.)

 Ако стравот од себе-изложеноста ве спречува во постигнување на целите, обидете се со следните совети:

  1. Запознајте ги вантршните доживувања на несоодветност, детскост и ранливост. Запишете ги мислите и чувствата кои прават да се чувствувате слаби, без да ги цензурирате. На пример „Страв ми е да го направам тоа сам/а; Би сакал/а некој да ми помогне.“ Колку повеќе ги прифаќате овие чувства, толку помалку тие ќе го контролираат вашето однесување.
  2. Воспитувајте се себе си. Замислете го стравот како неподготвено дете кое се вкопало во себе. На децата кои се плашат потребно им е смирување, не потсмев. Обидете се да го разберете тоа што го загрижува детето во себе. Уверете го детето во себе дека ќе го водите на патот и дека ќе го заштитите.
  3. Правете мали чекори. Не можете да истражувате правејќи огромен скок. Не потценувајте ја ефикасноста на малите чекори во вистинската насока. Со времето, ќе бидете повеќе подготвени да бидете онаму каде што треба да бидете.


Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.