Најчести причини за прекин на врските

Кои се најчестите причини поради се доаѓа до прекин на врските? Еве до какви одговори дошле истражувањата во однос на ова прашање:

Промена на интересите и досада

Во едно истражување биле испитувани 200 парови во период од две години (Hill, Rubin). Во тој период 103 парови од нив прекинале со врската. Другите причини покрај промената на интересите и досада, биле: разлики во хобито, религијата, интелигенцијата и образованието.

Причини за прекин на врските

Ставови во врска со сексот

Разлики во желбите за зчестеноста и видот на сексуалните активности.

Разлики во очекувањата од врската

Дали сакаат да се венчаат, дали може да излегуваат со други, кој ги донесува важните одлуки во врската и слично.

Конфликт на улогите

Дали партерите ќе ги играат традиционалните (патријархални) машко – женски улоги или поинаку ќе ги организираат улогите во врската. До кавги најчесто се доаѓа ако жената сака поголема слобода во градење на кариерата и ако од партнерот очекува праведна распределба на домашните работи и грижата за децата.

Лоша комуникација

Паровите кои се разделиле, без разлика дали биле во брак или во романтична врска, отворено се критикувале меѓусебно, избегнувале да разговараат околу важните прашања во односот и се однесувале одбранбено. Наспроти нив, оние кои и понатаму биле во среќна врска, повеќе разговарале, покажувале поголема чувствителност за потребите и емоциите на партнерот и биле вешти во пронаоѓање заемно прифатливо решение за своите проблеми (Gottman).

Проблематичен стил на врзување

Личностите со т.н. сигурен стил на врзување, ги прифаќаат своите непријатни емоции и бараат поддршка од партнерот. Оние со избегнувачки стил на врзување своите проблеми ги држат во себе, додека лицата со анксиозно-амбивалентен стил на врзување премногу зависат од партнерот. Во двата последни случаи луѓето се несигурни отворено да се спротивстават, бидејќи се плашат дека ќе го изгубат партнерот. Кога тоа навистина ќе се случи, оние кои избегнуваат дури и се задоволни бидејќи дошло крај на сето тоа, додека анксиозно-амбивалентните се прилично шокирани.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.