Најголем кошмар поврзан со годишните одмори се одложените летови

Околу 15% од туристите се сретнале со проблеми поврзани со годишнот одмор, а само половина од нив знаеле како да се справат со нив, покажало едно истражување на британскиот бранд Which? спроведено на 2079 луѓе. Тоа толку многу ги изнервирало што посакале да одат на дополнителен одмор само да се одморат од неуспешниот обид. Дури 64%од нив во случај на некој проблем напишале тужба, пишува Daily Mail.

Најголем кошмар поврзан со годишните одмори се одложените летови

Најголемиот кошмар на туристите се одложените или откажаните летови, а потоа следат долгите редови за земање на багажот, нељубезниот персонал и нечистото сместување, покажало истражувањето.

Директорот на Which?Richard Lloyd истакнал:

„Луѓето не сакаат да вратат од годишниот одмор уморени и под поголем стрес отколку што биле кога тргнале. Тие треба да си ги знаат своите права и најдобро да си ги искористат“.

Петте најголеми кошмари што може да ви се случат на годишниот одмор:

  1. Одложени или откажани летови
  2. Долги редови за подигање на вашиот багаж
  3. Сместувањето не е како што сте го очекувале/Нељубезен персонал/Нечисто сместување
  4. Одложен или откажан автобус или воз
  5. Проблеми со луѓето и малку информации во врска со возниот ред.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.