Намалено внесување на шеќер, греење на носот и витамин D може да ја спречат настинката

Сезоната на настинските е пред нас, а повеќе од 70% од луѓето до пролет ќе бидат зафатени од некој вирус, кој се шири на работните места, во училиштата па се до јавниот превоз. Најдобриот начин на превенција од настинките е зајакнување на имунитетот, а заштита преставува и преземањето дополнителни мерки на внимание:

Намалено внесување на шеќер, греење на носот и витамин D може да ја спречат настинката

1. Стоплете го носот

Според една теорија зашто луѓето во есен или зима многу лесно се разболуваат, е тоа што нивните носеви им се ладни. Професорот Ron Eccles од Универзитетот од Кардиф објаснува дека пониската температура на носот ја намалува отпорноста на организмот. Затоа шаловите и марамите преку носот се првата линија на одбраната против настинките.

2. Избегнување на ракување

Според една нова студија спроведена од британскиот Универзитет Aberystwyth преку ракувањето се пренесува дури до 20 пати повеќе вируси и бактерии наместо преку бакнувањето во образ или гушкањето. Причината зашто е тоа така, е затоа што ракувањето трае подолго, а подоцна со рацете се допира устата или носот. Така да што поцврсто е ракувањето толку повеќе се пренесуваат бактерии од еден човек на друг.

3. Перете ги алиштата на повисоки температури

Вирусот на грип може лесно да преживее температури од 40 степени, но нема шанси да преживее програма која вклучува 90 степени. Затоа во поладните денови носете облека што може да се пере на оваа температура.

Намалено внесување на шеќер, греење на носот и витамин D може да ја спречат настинката

4. Намалете го шеќерот во исхраната

Според една студија спроведена на Универзитетот од Калифорнија, луѓето кои внесуваат помалку од 100 грама шеќер дневно, имаат значително појак имунитет и поретко настинуваат. Затоа есента е вистинското време да го намалите шеќерот во исхраната, а одлична идеја е шеќерот да го замените со мед.

5. Спиење осум часа на ден

Кој спие помалку од седум часа на ден има три пати поголеми шамси да настине, бидејќи намалениот сон го слабее имунитетот, објаснуваат експертите. Така да, важно е денот да биде ненапорен, за да може полесно да се заспие, а исто така и порано.

6. Не користите антибактериски сапуни

Освен ако не содржат од 60 до 80% алкохол во себе, антибактериските средства не се доволно моќни да ги убијат вирусите кои предизвикуваат настинка и грип. Најдобар совет е да се користи обичен течен сапун и топла вода.

7. Три седишта подалеку

Според истражувањето спроведено од страна на Универзитет од Канбера, ако седите во затворен простор на две седишта растојание од некој кој има симптоми на грип или настинка, вашите шанси да се разболите се драматично зголемени. Избегнување на заболените е најдобар начин да се заштитите, дури тоа е подобар начин и од зајакнувањето на имунитетот. На пример, да седите со некој во кола 90 минути кој е болен или настинат имате 99,9% можност и вие да настинете или да се разболите.

Намалено внесување на шеќер, греење на носот и витамин D може да ја спречат настинката

8. Плакнење на носот со солена вода

Солта е добра во превенцијата на вирусот, покажала една студија спроведена од Универзитетот од Пенсилванија. Според неа, плакнењето на носот со солена вода го спречува задржувањето на патогените на слузницата, со што драстично се намалува можноста од добивање на настинка.

9. Вежбањето е клучно

Умереното вежбање е одлично за стимулирање на инунитетот, а доволно е да вежбате 90 минути на ден. Според едно истражување спроведено од британскиот Универзитет Loughborough, вежбањето го намалува нивото на хормонот за стрес, со што поттикнува производство на нови молекули кои се борат против лошите процеси во организмот.

10. Додаток на витамин D

Ниското ниво на витаминот D во телото влијае на работата на молекулот hCAP-18 кој го стимулира имунитетот. Така да, луѓето со мали нивоа на витамин D имаат 30% поголема веројатност да се разболат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.