Напади на паника

Во модерното време нападите на паника и ирационалните стравови се сè почести, а се јавуваат кај сè помлади луѓе. Погодуваат околу 10% од популацијата, а најчесто жените.

Разлика помеѓу нормалниот страв и нападот на паника

Додека стравот се врзува за одредена ситуација, тревогата е состојба на претерана загриженост која на крај може да резултира со паничен напад. Према проценките на стручњаците, околу 10% од популацијата доживеала паничен напад, а жените се значително посклони. За дијагноза на оваа состојба не се зема само еден паничен напад, а го опишува чувство на гушење, лупање на срцето, болка во градите, потење и тремор.

Напади на паника

Причинител за нападот

Иако не постои еден конкретен причинител, стручњаците идентификувале неколку фактори кои допринесуваат за напад на паника. Тие може да бидат:

  • психогени – како резултат на трауматичен настан и стрес;
  • биолошки – заради хормонско пореметување;
  • физиолошки – заради претеран внес на алкохол, кофеин и други супстанци;
  • социолошки – заради стрес предизвикан од промена во статусот, на пример: преселба, ново вработување, јавен настап итн.

Прва помош

При појава на нападот важно е физички да се смирите и да се сконцентрирате на дишењето: длабоко, изедначено вдишете и издишете преку нос барем десет пати. Истресете ги рацете и нозете. Како подобро би ја совладале техниката со дишење, ставете ги рацете на стомакот, малку над папокот и усредоточете се на дишењето набљудувајќи го подигнувањето и спуштањето на раката. Дишете полека. При вишување бројте до три, а при издишување до четири.

Искуства од луѓе

„Не можам да станам, не можам да зборувам, чувствувам болка во целото тело, како некој да ме стиска.“

„Чувствувам пецкање и ми се врти, жилите како да ми се замрзнати. Сакам да побегнам од своето тело, а не можам.“

„Тотална паника, како ѕидовите да ми се приближуваат и ќе ме згмечат. Гладам како да сум во тунел.“

„Имам чувство како некој да ме сече за грлото и дави, плитко дишам и ќе се угушам бидејќи немам доволно кислород.“

-искуствата ги пренесува Huffington Post.

Терапијата успешно помага

Кај лечењето од напад на паника потребно е да се дијагностицира дали се работи за блак или тежок облик. Иако самата состојба не го загрозува животот, таа значајно може да го намали квалитетот на живеењето, па кај повторувачките напади најдобро е да се побара стручна помош. Обично се работи со комбинација на психотерапија и медикаменти.

Моќта на мислите

Психотерапевтите истакнуваат како позитивните мисли и рационализацијата на тешкотиите е ефикасен начин за превенција, или барем за намалување на нападите. Стравот почнува со мислите од типот на: „Не можам“. Таквите мисли создаваат негативни сценарија за иднината. Но не може да знаете што ќе се случи, така да тие мисли не се вистинити. Со противење на стравот, може да го ојакнеме, идеално е доколку би биле спремни да го искусиме во било кој момент, а најлесно ќе го постигнеме тоа доколку ги препознаеме мислите и телесните реакции.



Психолог, Семеен и системски советник. Лиценциран од Комора на психолози на РМ. Претседател и основач на Здружение Психоинтегра. Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *