Нарцисоидноста како психолошки феномен

Терминот нарцизам е воведен од страна на Paul Ncke (1899 год.) со кој опишувал тип на личност која своето тело го доживува како сексуален објект, додека не пројавува сексуална желба кон други луѓе. Фројд го преземал терминот и поставил разлика меѓу примарен (нормален) нарцизам и секундарен (патолошки) нарцизам. Примарниот нарцизам е нормална желба да се заштитиме од опасност (изложеност/загрозеност) и да ги зачуваме нашите животи; има сексуална компонента која не ја исклучува желбата кон други луѓе. Од друга страна, луѓето кои страдаат од секундарен нарцизам, пројавуваат две главни карактеристики: мегаломанија и пренасочување на нивниот интерес од надворешниот свет, од луѓе и предмети, кон себе.

Нарцисоидноста како психолошки феномен

Понатаму, концептот на нарцизмот се проширува од определбата на Фројд – од елементите на мегаломанија и се дава само секундарно значење, на елементот на сексуалност. Merriam Webster ја дефинира нарцисоидноста како „егоизам, егоцентричност“, потиснувајќи ја „љубовта или сексуалната желба за сопственото тело“.

Најголем дел од луѓето денес го користат поимот нарцисоидност за да опишат личност која има мегаломанска тенденција: чувство на лична семоќ и големина. Нашата употреба на овој поим може да означува и суета, што може да упатува на сексуална желба за сопственото тело, но за повеќето од нас истото не е од примарно значење. Во главно, она што денес се подразбира под поимот нарцизам, се однесува на секундарниот тип, со фокус кон грандиозна слика за себе и прекумерна потреба за восхит која треба да се одржи.

Како и повеќето психолошки појави, кога се зборува за нарцизмот, поимот опфаќа цел спектар. До одреден степен, желбата да се биде забележан, да се биде почитуван и другите да се восхитуваат е еден вид нарцизам, кој е секојдневен и специфичен за човековата природа. Само кога таа желба засенува сè друго, се влегува во територијата на патолошкиот нарцизам и нацистичното растројство на личноста.

Кои се карактеристиките на патолошката нарцисоидност?

Според DSM-IV, треба да се исполнуваат барем пет од овие квалитети за да се задоволи дијагностичкиот праг (секако, дијагностицирањето се спроведува од страна на стручно лице за ментално здравје).

  1. Покажува арогнатно, горделиво однесување или став.
  2. Често е завидлив/а на другите, или верува дека другите му/и завидуваат.
  3. Недостаток на емпатија: не ги признава или не се идентификува со чувствата и потребите на другите луѓе.
  4. Покажува интерперсоналана експлоатација, односно искористување на другите луѓе за постигнување на свои цели.
  5. Има чувство за одобрување, односно неразумни очекувања од посебно поволно третирање или автоматска согласност на другите луѓе со неговите/нејзините очекувања.
  6. Има грандиозни чувства за самоважност.
  7. Верува дека е посебен/а и уникатен/а и може да биде разбран/а или треба да контактира – соработува со луѓе кои се исто така посебни, или луѓе со висок статус.

Зад нарцизмот

Joseph Burgo (психоаналитичар кој ја истражува оваа тема) зборува дека зад појавата на нарцисоидност, најчесто стои ниското самовреднување, чувство на лична немоќ и беспомошност, како и вкоренет срам во однос на „селфот“ кој личноста го доживува како оштетен, скршен. Ова често може да води корен од детството, најчесто поради отфрленоста и негрижата од ближните и трауматски искуства. Со непримена љубов во овој критичен период, личноста учи дека таа не е сакана; тоа води кон самонеприфаќање и чувство на длабок срам во врска со себе. Кога личноста несвесно ги негира ваквите чувства, тие може да се јават во нивната спротивна форма (како заштитен механизам) преку пренагласување на  самовреднувањето, развој на грандиозна слика за себе, чувство на лична семоќ и големина (како компензација за длабокото чувство на инфериорност).

Нарцисоидноста (примарната) во одреден степен е присутна кај мнозинството од луѓето како дел од човековата природа и во ненагласена форма се зема како нормална појава. Проблем настанува кога карактеритиките на нарцисоидноста се силно застапени и и‘ пречат на личноста во воспоставување автентичен однос со себе и со другите луѓе. Во овој случај, личноста пожелно е да работи на својот личен развој и градење на на автентична самодоверба, преку советување со стручњак за ментално здравјем, со што ќе и се помогне во процесот на надминување на проблемите и конфликтите кај личноста кои произлегуваат од нарцисоидноста.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.