Насилство меѓу тинејџерите

Насилството е голем проблем со кој се соочува денешната младина – дома, на училиште, во заедницата. Статистичките податоци покажуваат дека од почетокот на 1990-тите години, инцидентите на насилството меѓу младите достигна исклучително високи нивоа во рамки на општеството. Некои дури ваквиот феномен го нарекоа и „епидемија“. И тешко е да се даде сеопфатен одговор на прашањето – зошто се случува сето тоа?

Кои се предупредувачките знаци за насилството меѓу младите? Разбирањето на причините за насилство и знаењето што барате, се првите чекори кон превенција на ваквото насилство.

Насилство меѓу тинејџерите

Причините за насилство

Што е тоа што некој го предизвикува да  удира, клоца, па дури и да употреби оружје против некој друг? Нема едноставен одговор на ваквото прашање, но можеме да кажеме дека постојат неколку заеднички фактори за ваквото насилно однесување:

  • Начин на изразување. За некои, насилството е стекнат начин за изразување и слободување на чувството на лутина или фрустрација.
  • Манипулација. Насилството понекогаш е начин да се контролираат другите за да се добие она што се сака.
  • Одмазда. Некои користат насилство за да им вратат на оние кои ги повредиле во минатото.

Постојат и други, дополнителни фактори кои придонесуваат за насилно однесување:

  • Потреба за внимание/или почит;
  • Чувство на ниска самопочит;
  • Злоупотреба или занемарување;
  • Насилство во домот, во заедницата, или на медиумите;
  • Пристап до оружје.

Кои се предупредувачките знаци за насилство?

Насилството е научено однесување, што значи дека тоа е нешто кое се учи од гледање на некој друг или нешто што се доживува „од прва рака“. Најдоброто нешто што можете да го направите, е да се научи како да се препознаат знаците на насилство и да добиете помош.

Предупредувачки знаци:

  • Вандализам или оштетување на имот;
  • Зголемена употреба на дрога и/или алкохол;
  • Зголемено ризично однесување;
  • Детални планови за вршење насилство;
  • Закани или планирање да се повредат други;
  • Намерно повредување на животните;
  • Носење оружје.

Постои силен потенцијал за насилство доколку има:

  • Историјата на насилно или агресивно однесување;
  • Злоупотреба на дрога или алкохол;
  • Членство или силна желба да се биде во банда;
  • Фасцинација од оружје, особено пиштоли;
  • Проблеми со контролирање на тензични чувства како гнев, бес, лутина;
  • Повлекување од пријателите и други социјални активности;
  • Чувство на одбивање или осаменост;
  • Да биде жртва на насилство или малтретирање;
  • Намалени перформансии во училиште;
  • Проблеми со авторитет;
  • Чувство на непочит, пониженост, или срам;
  • Намалена способност за сочувствство со другите.

Што можете да направите доколку наведените знаци ги забележите во однесувањето кај некој млад човек од вашето опкружување?

Разговарајте со личност во која имате доверба и има почит и интерес за вашите грижи.  Ако забележите некои од овие предупредувачки знаци кај себе, првиот чекор е да се признае. Следниот чекор е да се разговара со доверлив возрасен, психолог/психотерапевт кој е искусен во справување со ваков вид проблеми. Учењето,  пред сè да се зборува за своите чувства, понатаму и да се разберат и контролираат, ќе вроди со плод и ќе доведе до ослободување од циклусот на насилство.

 

Автор: Мартин Тасевски




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.