Насилство во тинејџерските врски

Нездравите врски може да започнат многу рано и да траат доживотно. Тинејџерите често мислат дека некои однесувања, како на пример, „закачање“ и изговарање на некои имиња се нормален дел од врската. Но, овие однесувања може да станат нападни и да се развијат во многу посериозни форми на насилство.

Насилство во тинејџерските врски

Што е насилство во врската?

Насилство во тинејџерска врска е дефинирано како физичко, сексуално, психолошко или емоционално насислтво помеѓу партнерите во врската, вклучувајќи и следење. Може да се случува во живо или по електронски пат и може да се случи помеѓу постојани партнери или помеѓу поранешни. Неколку различни поими се користат во опишувањето на насилството во врската помеѓу тинејџерите. Подоле наведени се неколку:

  • Злоупотреба во врската
  • Интимно злоставување на партнерот
  • Насилство во врската
  • Злоупотреба при секојдневните гледања
  • Домашно злоупотребување
  • Домашно насилство

Злоупотреба при секојдневните гледања е најзастапено со сериозни краткотрајни и долготрајни последици. Многу тинејџери не го пријавуваат насилството затоа што се плашат да им го соопштат тоа на своите другари и на семејството. Едно истражување пронашло дека 23% од тинејџерките и 14% од тинејџерите кои доживеале силување, физичко насилство или следење од некој партнер со кој биле интимни, најпрво го доживеале тоа помеѓу 11та и 17та година. Друго истражување пронашло дека од прилика 10% од учениците во средно учичиште пријавиле физичко насилство и 10% пријавиле сексуално насилство од партнерот со кој што биле, во период не подолг од 12 месеци пред да бидат ставени во ова истражување.

Кои се последиците од насилството во врската во овој период?

Како што тинејџерите се развиваат емоционално, тие се премногу под влијание од искуствата што ги доживуваат во самата врска со партнерот. Здравите односи во врската ќе допридонесат до позитивен ефект во емоционалното развивање на тинејџерот. Нездравите или насилните врски може да имаат сериозни краткотрајни и долготрајни негативни ефекти на тинејџерот кој е во фаза на развивање. Младите кои доживеале насилство во врската многу веројатно ќе го доживеат и следното:

  • Симптоми на депресија и анксиозност
  • Вовлекување во нездрави однесувања, како на пример пушење цигари и користење на дрога и алкохол
  • Инволвирање во антисоцијални однесувања
  • Мисли поврзани со самоубиство

Дополнително, младите кои биле жртви на вакво насилство во врската, имаат висок степен на ризик од насилство во студентскиот период.

Насилство во тинејџерските врски

Зашто се случува насилството?

Комоникацијата со вашиот партнер, справувањето со непријатните емоции, како на пример лутината и љубомората, и третирањето на другите со почит се неколку начини за да ја одржите врската здрава и ненасилна. Тинејџерите добиваат информации за тоа како да се однесуваат во врската од врсниците, од возрасните во нивните животи и од медиумите. Многу често овие примери сугерираат дека насилството во врската е нормално, но насилството никогаш не е прифатливо. Секогаш има причина зошто насилството се случува.

Насилството е поврзано се определени ризик-фактори. Ризикот за формирање на нездрава врска помеѓу тинејџерите се зголемува со:

  • Верување дека насилството во врската е прифатливо
  • Тинејџерот е депресивен, анксиозен или има некои симптоми на траума
  • Покажува агресивност кон врсниците или покажува други агресивни однесувања
  • Користи дрога или други нелегални супстанци
  • Се впушта во рани сексуални активности и има повеќе сексуални партнери
  • Има пријател кој е инволвиран во некоја врска со насилство
  • Имаат конфликти со партнерот
  • Гледа или доживува насилство во домот

Овој вид на насилство може да се спречи доколку тинејџерите, семејствата и заедницата работат заедно со цел да имплементираат ефективна превенциона стратегија.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.