Научни студии кои ќе ви ја вратат „вербата во луѓето“

Со насилството, војните, дискриминацијата и омразата се среќаваме секој ден. Но, овој текст ќе ви открие дека постои многу добрина во луѓето и во нивниот алтуризам.

Научни студии кои ќе ви ја вратат „вербата во луѓето“

Катастрофите го зајакнуваат алтуризмот

Од елементарните непогоди, до човечките катастрофи, болести и војни, првата асоцијација на сето тоа е паника и спасување на сопствениот живот. Сепак, една студија направена од интитутот Max Planck го докажува спротивното – најверојатно е луѓето да останат прибрани во такви ситуации и да се концентрираат кон помагање на другите околу себе. Така, катастрофите ја зајакнуваат несебичноста и поврзаноста помеѓу луѓето.

И бебињата имаат вроден морал

Децата  уште од самото раѓање се интелегентни и исто така имаат вродено чуство за тоа што е исправно, а што погрешно, покажува една студија споведена од страна на Yale University. Истражувачите направиле претстава со кукли и им ја презентирале на деца до две годиша возраст, во која некои од куклите глумеле дека се добри, а некои дека се лоши. Дури 80% од децата ги сакале добрите кукли за да си играат со нив.

Програмирани сме да сочуствуваме со другите

Човековиот мозок е програмиран да биде емпатичен и пријателски настроен – поради тоа чуствуваме жал за луѓето во невоља или тага поради несреќа на некој близок. Според една студија од страна на Универзитетот од Верџинија во која биле покажани слики на кои се гледало како на непознати луѓе им се нанесува болка, кај луѓето што ги гледале се активирал дел од мозокот кој е поврзан со заканувањето, исто како да им е нанесена таа болка на самите нив. Тоа ни овозможува да се синхронизираме со другите, да ја ширими нашата врска со другите и како врста да си осигуриме преживување.

Научни студии кои ќе ви ја вратат „вербата во луѓето“

Добрите дела не испирираат да направиме уште подобри

Според истражувањето направено од страна на едно американско училиште Wharton, најголемата мотивација на луѓето да прават добри дела преставуваат веќе направените добри дела од самите нив. Така што, луѓето кои учествувале во хуманитарни активности како на пример, волонтирање со цел помош на луѓе во незгоди, понатаму тоа го дуплираат и го прават почесто.  Овие луѓе го прават тоа затоа што го знаат доброто чуство што доаѓа од пружање помош на другите, за разлика од луѓето кои никогаш не помогнале.

Поголемиот дел од луѓето посакуваат мир

Лесно е да се претпостави дека луѓето сакаат војни, поради нивната агресивна природа. Но, вистината е дека денес поголемиот дел од луѓето се миротворно расположени, посочува психологот Steven Pinker. Тој преку анализа на бројни податоци дошол до заклучок дека во денешно време има помалку конфликти од порано. Медиумската покриеност и достапност само ни ги доближила денешните конфликти, па затоа и мислиме дека ги има повеќе од порано. Така што, научниците веруваат дека до 2050-та година во светот веќе нема да има конфликти.

Луѓето еволуираат побрзо во споредба со минатото

Спротивно од трвдењето дека еволуцијата на луѓето завршила, научниците од Универзитетот Висконсин откриле дека модерните луѓе еволуиираат со огромна брзина отколку порано во историјата. Луѓето во последниот милениум се промениле 100 пати повеќе отколку луѓето од пред милион години. Примерите на забрзаната еволуција се зголемената отпорност на маларија во африканските земји, се поголемата прилагоденос на лактозата во млекото итн.

Научни студии кои ќе ви ја вратат „вербата во луѓето“

Поголемиот број луѓе би користели супермоќи за правење добро

Според студија спроведена од Универзитетот Станфорд, поголемиот број од испитаниците би одбрале супермоќи сè со цел да му помогнат на човештвото. Така тие самите би станале херои, но сепак нивната мотивација и не е целосно себична, тврдат истражувачите. Така што, во симулациите луѓето често би ги одбирале сценаријата и супермоќите кои се од помош за другите, а не да станат побогати или да си го подобрат својот живот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.