Навики и однесување на емоционално интелигентни луѓе (кои секој може дa ги развие)

„Секој може да се налути, тоа е лесно. Но да се биде лут на вистинската личност, до вистинскиот степен, во вистинското време, за вистинската причина и на вистински начин – тоа не е лесно.“

Во оваа изрека, грчкиот филозоф Аристотел совршено го сумира концептот кој стана толку актуелна тема во денешницата – емоционалната интелигенција –  во рамки на психологијата, образованието и бизнисот.

Навики и однесување на емоционално интелигентни луѓе (кои секој може дa ги развие)

Емоционално интелигентните луѓе имаат развиено одредени навики и однесување согласно нивната способност да управуваат со своите емоции и да ги разберат чувствата на другите.

Дали познавате личност која е мошне свесна за своите чувства, способна е да ги изрази емоциите на соодветен начин, а истовремено е емпатична личност која ги разбира и другите луѓе како се чувствуваат? Таа личност веројатно е високо емоционално интелигентна.

Емоционалната интелигенција вклучува четири главни вештини:

  • Способност да се препознаат емоциите
  • Способност да се препознае причината за јавување на емоциите
  • Способност да се разберат емоциите
  • Способност да се управува со емоциите

Вистина е дека некои луѓе се посензибилни за своите чувства и чувствата на другите луѓе и поумешни се во нивната контрола, но исто така станува збор за вештини кои секоја личност може да работи на себе за да ги развие. Контактот со своите чувства и нивното управување е нешто што се учи и вежба во животот, исто како и многу други вештини. Вложувањето во истото несомнено продонесува за поголема свесност и поголемо животно задоволство.

Емоционално интелигентните луѓе обрнуваат внимание на тоа што го чувствуваат

Еден од најистакнатите психолози на денешницата Даниел Големан, ја идентификува самосвесноста како една од клучните компоненти на емоционалната интелигенција. Самосвесноста е вештина која вклучува препознавање на расположенијата, емоциите и чувствата. Дел од самосвесноста ја вклучува и свеснота за тоа како своите емоции и расположенија влијаат на другите луѓе.

Способноста да се следи својата емоционална состојба е базичен услов за развој на емоционалната интелигенција.

Разбираат како се чувствуваат другите луѓе

Емпатијата е исто така значаен елемент на емоционалната интелигенција. За да стапите во интеракција со другите луѓе во различни животни области (дома, на работа, со пријателите, со партнерот/ката) потребно е да знаете што тие чувствуваат.

Доколку вашиот колега е вознемирен или фрустриран, познавањето на тоа како се чувствува може да ви помогне да реагирате соодветно.

Способни се да управуваат со своите емоции

Самоконтролата е апсолутно центрана за емоционалната интелигенција. Разбирањето на своите емоции е одлично, но и не многу корисно ако не се употреби тоа знаење. Емоционално интелигентните луѓе размислуваат пред да постапат според своите емоции. Тие се во контакт со своите емоции, но не дозволуваат емоциите да го контролираат нивниот живот.

Мотивирани се

Емоционално интелигентните луѓе се мотивирани да ги постигнат своите цели и способни се да го контролираат своето однесување и чувства со цел да постигнат долготраен успех. Тие може да бидат вознемирени поради некоја промена во животот, но исто така знаат дека контролата на нивниот страв е значајна. Со преземањето чекор и правење промена, тие знаат дека може да го променат својот живот на подобро и да се доближат чекор поблиску до остварување на своите цели.

Имаат одлични социјални вештини

Емоционално интелигентните луѓе исто така, имаат тенденција за остварување силни социјални вештини веројатно бидејќи се во контакт со своите чувства, исто како и со чувствата на другите луѓе.

Тие знаат како ефективно да се справат со луѓето и да вложат во постигнување здрави социјални врски и да им помогнат на другите во истото.

Навики и однесување на емоционално интелигентни луѓе (кои секој може да ги развие)

Способни се и волни да разговараат за чувствата со други луѓе

Понекогаш луѓето се емпатични и во согласност со своите емоции, но имаат отпор да ги споделат чувствата со другите луѓе. Емоционално интелигентните луѓе не само што ги разбираат емоциите, туку знаат и да ги изразат соодветно.

Што всушност се мисли под „соодветно изразување“?

Замислете, на пример дека сте имале посебно лош ден на работа. Уморни сте, фрустрирани и лути во врска со работите како искочиле на некој значаен состанок. Несоодветна експресија на вашите чувства би била ако дојдете дома и влезете во кавга со сопругот или му испратите навредлив еmail на шефот. Посоодветна емоционална реакција би била да поразговарате со сопругот, да се ослободите од тензијата со вежби или да направите план како да го направите утрешниот ден подобар од денешниот.

Способни се соодветно да ја идентификуваат причината која лежи во основа на емоциите

Замислете си дека сте фрустрирани и сте се налутиле на колега. Како што се поврзувате со вашите чувства, анализирате за што сте навистина вознемирени. Дали сте лути поради постапките на колегата, или коренот на вашата лутина е во фрустрацијата и притисокот поради шефот кој ви натрупал премногу задачи и одговорности? Емоционално интелигентните луѓе се способни да погледнат на ситуацијата и точно да го идентификуваат вистинскиот извор на своите чувства.

На прв поглед ова може да изгледа на лесна задача, но вистината е дека нашиот емоционален живот може да биде мошне комплициран и заплеткан. Лоцирањето на точниот извор на вашите чувства може да биде доста специфично и деликатно, особено кога се соочувате со силни емоции како љубов или бес.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.