Не претерувајте – децата најмногу се забавуваат со едноставните играчки

Родителите, а исто така и роднините не може да одолеат, а да не го затрупаат новороденчето со плишани играчки. Додека на децата на таа возраст им требаат само бои и звуци.

Не претерувајте – децата највеќе се забавуваат со едноставните играчки

Во првите три месеци, додека сè уште не можат да седат и да ги држат играчките, бебето најмногу го привлекува човековото лице. Ќе се забавуваат доколку се гледаат во огледало, иако не се препознаваат. Бебињата ја сакаат црно белата комбинација на предметите околу нив, контрасните и јаките бои, па можете во близина на нивното креветче да ставите некој таков постер.

Во овој период уживаат и во звуците, па затоа можете да им пуштите некоја музика или да им пеете приспивни песни. Играчките што висат над креветчето кои што се мрдаат и испуштаат нежни звуци, многу им се интересни.

Во периодот од три до шест месеци време е за играчки кои што ќе може и да ги гризе. Бебето почнува да ги става рацете и нозете во уста, а таму може да заврши и се останато, па затоа е многу битно играчките да бидат сигурни за гризење.

После шест месеци играњето на бебињата станува поживо. Може да ги земаат и фрлаат играчките, да тропаат по масата со некој предмет. Во текот на наредниот месец бебето сè повеќе ќе се движи. Од седење, од превртување, подигнување на коленцата па сè до првите чекори. Треба да внимавате на просторот во кои се движат да биде многу сигурен.

Во периодот од шест до девет месеци ги фасцинираат топките. Лесните и платнени топки се најсоодветни. Кога детето ќе почне да лази, ќе го забавува и потрагата по топката. Сега е време и за првите коцки. Гумени, дрвени или пластични, само да не бидат со остри рабови. Последните три месеци пред првата година, децата се повеќе ќе уживаат во интерактивните игри. Зборувајте на телефон, скокоткајте го, оставете го да ги мести работите.

„Кријте“ им ги играчките

За играчките да им бидат секогаш интересни, ротирајте им ги. Некои од нив сокријте ги на една недела па потоа пак дајте им ги, така секогаш ќе бидат изненадени како да гледаат „нови“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.