Не се секогаш другите виновни: проблематични лични ставови

Еден од соновните психички проблеми (во чија основа лежат и многу растројства на личноста) е за секој (повеќе или помоалку) познатата човекова слабост – нарцисоидна ранливост. Оваа тема е широка и заслужува подлабоко објаснувањe и иако нема да биде детално објаснета овде, се споменува, бидејќи е многу значајно поврзана со проблемот на соочување, признавање и прифаќање на своите слабости, пристрасности и грешки.

Иако е многу човечки да грешиме, потфрламе, реагираме пристрасно и несоодветно.. уште поспецифична за луѓето е проблематичноста да ги признаеме своите слабости и грешки, поради неосвестениот страв, срам и болка дека сме недоволно добри, способни, вредни за сакање и прифаќање. Но, со избегнувањето на контакт со овие делови од себе, се жал, се лишуваме и од можностите за промена и личен развој.

Дали некогаш сте размислиле каков е вашио став кон себе си, другите луѓе и светот? Дали сте рамислиле за личната одговорност за своите мисли, чувства и однесување? Дали освестувањето и признавањето на своите слабости и грешки ве фрлило во очај, вина и себеосудување или пак ве мотивирало да работите на прифаќањето на својата човечност, несовршеност – што значи и простор за работа на себе и експериментирање со промени, кои може да не носат кон исполнетост, ослободување и развој.

Степеност на свесност, соочување, менувањето на тоа што можеме да промениме и прифаќањето на тоа што не можеме да промениме во однос на себе и другите, е поврзано со степенот на зрелост на личноста.

Процесот на личен развој и самоактуелизација (за жал или за среќа) никогаш не престанува, и секоја нова ситуација, постојано бара од нас повторно одговор во склад со нашите капацитети и ментална снага. Токму затоа, личната одговорност, во оваа насока, е клучна тема на многу егзистенцијални психолози и филозофи.

Преиспитајте ги вашите лични ставови преку овие искази кои потврдуваат постоење на проблеми во личниот став кон себе, другите и светот:

  • Кога нешто добро ќе му се случи некому, не се радувате. Наместо тоа, се чувствувате несигурно, инфериорно и љубоморно.
  • Секогаш прво ја гледате негативната страна на ситуациите или на можностите како работите ќе тргнат наопаку. Тоа прави да се чувствувате немоќно и да се откажувате прерано.
  • Верувате дека луѓето се генерално неемпатични, неискрени и манипулативни.
  • Не знаете со пријатност да прифатите комплименти. Сметате дека се незаслужени, ве лажат и неверувате поради некоја причина.
  • Го чекате вистинското време и ситуација (да се сменат другите или околностите) за да го подобрите својот став.
  • Не верувате во моќта и вредноста на простувањето (која е значајно поврзана со личниот мир и степенот на стрес во животот). Го сметате простувањето за слабост, а одмаздата прави да се чувствувате (привидно) моќно.
  • Причината за своите проблеми секогаш ја барате надвор од себе.
  • Се навредувате и повредени сте ако луѓето во социјални ситуации не ја ценат вашата наклонетост и љубезни постапки.
  • Ретко кога вистински сакате да ги слушнете луѓето и не сте осетливи на нивните потреби.
  • Доколку немате чувство на контрола над сè, вклучувајќи ги и ситниците во животот, и мал неред или нешто непланирано да се случи, за вас тоа е голем проблем, доволен да ви го уништи денот и расположението.
  • Не гледате на луѓето како на личности кои се значајни и индивидуални за себе, неповрзани со вас, туку во позадината на односот и намерите кон нив секогаш стои некој ваш интерес, независно за каква релација станува збор. Наместо да се инспирирате и чувствувате задоволство во контактот, вие како да сакате да преземете нешто од нив што сметаате дека вам ви фали – знаење, интелигенција, талент, расположение, материјален статус итн.
  • Имате потреба за одмазда или се опседнувате во мислите со секое незначајно или значајно, замислено или реално – критикување, игнорирање и одбивање.
  • Постојано се споредувате со другите. Имате чувство како да треба постојано да се борите за своето „место под сонцето“, а тоа ве истоштува.
  • Избегнувате решавање конфликти или влегувате во конфликти бидејќи имате тенденција да верувате дека секогаш вие сте во право.
  • Откривањето и убедувањто кој е во право, а кој не е, е единственото битно во ситуацијата и релацијата за вас. Штом дојдете до тоа, остатокот од приказната не ве интересира.
  • Носите брзи и често неосновани залучоци. Имате тенденција да носите заклучоци и  без да ги ислушнете сите страни во приказната.
  • Многу лесно ве иритира и вознемирува сè и секоја личност околу вас.

Доколку наидовте на многу од ставките кои ги поврзувате со вас, време е да размислите за вашите вредности, верувања и шеми на размислувања и реагирања. Простор за промена има секогаш, а можноста и одговорноста да го сторите тоа е во ваши раце!



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.