Не треба да знаете сè… Работи кои подобро е да се премолчат во врската

Во врските најважно е да бидете искрени, но некои работи не треба да ги споменувате бидејќи може да го повредат партнерот, како на пример дека не ги сакате неговите родители или бројот на сексуланите партнери кои што сте ги имале.

Не ги сакам твоите родители

Како и во сите други односи и во врската треба да знаете кога нешто треба да премолчите. Посебно прашање се родителите на партнерот и тука треба да бидете многу внимателни. Ако му кажете дека не ја сакате неговата мајка или татко, тоа само ќе предизвика непотребни тензии меѓу вас. Таквите зборови само ќе го повредат партнерот, затоа секогаш пред да кажете нешто, помислите како би било ако ситуацијата би била обратна, советуваат брачните терапевти.

Не треба да знаете сè... Работи кои подобро е да се премолчат во врската

Мојот поранешен партнер/ка тоа би го направил/а така

Сосема е нормално да споделувате некои работи од минатото, но треба да поставите граница. Партнерот не треба да знае сè што сте правеле со вашите поранешни, тоа не смеете никако да го споделувате и исто така немојте никако да го/ја споредувате со нив. Ако ги правите овие работи, така само си ја омаловажувате вашата врска и на другата половина и давате до значење дека не е доволно битна.

Немој, сам/а ќе го направам тоа

Не треба да ги переш или пеглаш алиштата, сам/а ќе го направам тоа. Овие зборови на прв поглед изгледаат како добронамерни, но всушност го ставаат партнерот во неповолна положба. Со него на тој начин се однесувате како кон дете и му давате до знаење дека ништо не може да направи добро.

Сум спиела со неколку партнери

Бројот на сексуалните партнери пред да влезете во врска е најдобро да не го споменувате, предупредуваат брачните терапевти. Разговорот на таа тема може да предизвика немир во врската па дури и да натера еден од партнерите да го промени своето мислење. Сето тоа е последица на стравот дека партнерот ќе испадне премногу искусен или недоверлив.

Не треба да знаете сè... Работи кои подобро е да се премолчат во врската

Би бил позгоден да беше повисок, по…

Ќелавоста или висината се работи на кои неможете да влијаете ниту вие, ниту пак тие и најдобро е да ги премолчите. Партнерот може да помисли дека би сакале да го/ја замените, дека вас веќе не ви е привлечен/на или дека веќе не е доволно добар за вас. Тие зборови може да бидат како остра критика, така што најдобро би било да ги избегнувате.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.