Не заборавајте го хуморот

Некои луѓе учат да ги сфаќаат премногу сериозно своите проблеми и тешкотии. Веруваат дека сè што им се случува е многу значајно, а кога им зборуваат на другите луѓе за тоа бараат целосна внимателност и концентрација. Колку повеќе зборуваме за некој настан и колку што повеќе го доживуваме како сериозен, толку поголема е веројатноста истиот да го предимензионираме. Потоа, може да дојде и до „исполнување на сопственото пророштво“.  Она што сме го зборувале и од што сме се плашеле почнува навистина да ни се случува.

Не заборавајте го хуморот

Хуморот, во тој случај може да биде многу ефикасен „лек“ (доколку се користи свесно, а не како несвесен заштитен механизам). Ни помага да погледнеме на проблемите и тешкотиите од поинаков агол, да не ги предимензионираме и разбираме пресериозно истите, а предизвикува и пријатни емоции. Во моментот кога нам ни е нешто смешно, не можеме да бидеме тажни, да се обвинуваме или да бидеме песимистични. Тоа може да трае само неколку мига, но понекогаш и толку е доволно за да го промениме расположението или да согледаме некој аспект на ситуацијата кој дотогаш не сме го гледале. Поголемиот дел од вообичените животни ситуации, односно поголемиот дел од нашите и туѓите мани имаат и хумористична страна. Треба само да ја откриеме. Во својата книга Handbook of Cognitive Therapy Techniques, авторот Rian McMullin наведува некои примери како на сопствените ирационални верувања кои водат до лошо расположение, можеме да се спротивставиме со хумористичните изреки на некои познати луѓе. Секој човек може да состави своја збирка на такви изреки.

Се плашам од староста.

Мислам дека е глупо што толку зборуваат за стареењето. Секој пат кога јас сум една година постара, постари се и сите други. (Gloria Swanson)

Се грижам дали другите ме почитуваат.

Не се грижете што другите луѓе мислат за вас – зошто тие и воопшто не мислат на вас. Тие се грижат за тоа што вие мислите за нив. (Анонимна личност)

Во животот воопшто немам среќа.

Ако нема ветер, веслај. (Полска поговорка)

Знам дека мора да постои едноставен, идеален начин за решавање на многу проблеми.

Секогаш постои едноставно решение за секој човеков проблем – јасно, соодветно и потполно погрешно. (H.L.Mencken)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.