Неочекуваниот ефект од храната за смирување кога сте нерасположени

Наспроти она што повеќето луѓе веруваат, храната за смирување не го подобрува расположението, потврдува една нова студија.

Резултатот кој е објавен во Health Psychology, вели дека луѓето кои не јадат ништо се опоравуваат од лошото расположение исто толку бргу како и оние кои што конзумираат некоја омилена храна.

Неочекуваниот ефект од храната за смирување кога сте нерасположени

Резултатот доаѓа од студија во која испитаниците биле прашани да ги набројат типовите на храна која што ја конзумираат кога не се расположени – чоколадото било најпопуларно.

Потоа тие гледале 18 минутно видео кои со гаранција ќе ги направело да се чуствуваат анксиозно, уплашено и депримирачко.

По гледањето на депремирачкото видео, на испитаниците им било дадено или:

  1. Преферираната смирувачка храна.
  2. Неутрална храна (гранола бар).
  3. Никаква храна.

Потоа нивното расположение било мерено.

Еве како истражувачите го објаснуваат нивниот резултат, кој што бил прлично чист:

„Храната за смирување може да доведе до незначително подобрување, но не повеќе од било која друга храна или пак без никаква храна.

Иако луѓето веруваат дека храната за смирување им обезбедува некаков бенефит, храната за смирување не обезбедува смирување повеќе од било која храна или никаква храна.“

Фактот дека сите испитаници се почуствувале подобро по определено време е најверојатно поради психолошкиот имунитетен систем, нашата природна способност да се опоравиме од лошото расположение.

Така што, луѓето и препишувале заслуги на храната за смирување за нешто што нивните мозоци го правеле автоматски.

Истражувачите заклучуваат:

„Не пронајдовме подобрување кај луѓето што конзумираат храна кога се нерасположени.

Откажувањето од конзумација на високо калорична или високо масна храна може да им помогне на луѓето да развијат и да одржат здрава навика за јадење и може да ги фокусира на други без храна методи за подобрување на расположението.

Не ви е потребна храна за смирување за да се чуствувате подобро, мозокот сам ќе го направи тоа само ако му дадете време.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.