Неверојатната сила на емоционалната „Палата на меморијата“

„Јас ќе одам во моето среќно место!“

Да го велите ова во моменти на стрес, веќе станува повеќе шега наместо помош. Но, всушност да имате „среќно место“ или уште подобро повеќе среќни места може да ви го подигне расположението кога времињата ќе бидат потешки.

Но, проблемот со навраќањето на овие среќни моменти од минатото е во тоа што е тешко, особено доколку ова не сте го правеле повеќе пати.

Вчудоневидувачката сила на емоционалната „Палата на меморијата“

Ова е одлична техника, но луѓето кои кои се депресивни ја прават многу погрешно. Тие се трудат да се сетат на некој среќен настат од минатото, но на апстрактно ниво. Тие се сеќаваат на последиците од тој среќен настан и се трудат со сета сила да не го заборават. Сепак, тоа е погрешно. Единствениот начин да го доживеат тој момент е да се обидат повторно да го доживеат, како сега да се случил за прв пат, наместо да мислат апстрактно на него.

Проблемот е меморијата која исчезнува. За да се чувствувате подобро базирано на настаните од минатото, вие треба да ги повлечете вистинските спомени и тоа во целост. Ова може да биде навистина предизвикувачки дури и за најдобро сконцентрираните луѓе, додека за оние во лошо расположение, дури и невозможно.

Она што е потребно е навистина добра техника за инстантно враќање на тие вистински моменти од минатото, сè со цел да се чувствувате навистина како да сте таму и да го доживувате истиот момент.

Методот на loci техника

Методот на loci техниката (буквално метод на места) за подобрување на меморијата е присутен веќе стотици години. Се препорачувал од римскиот филозоф Цицеро и во 2006 година бил искористен од страна на Лу Чхао, кој успеал да се потсети на 67.890 места (тој се потсетил на овие места во период од 24 часа и 4 минути пред да направи една грешка).

Но, вие не мора да бидете спицијалист во меморирање, ниту пак да имате супер мозок за да користите техника како оваа. Оваа техника има драматични ефекти дури и за најслабите луѓе со меморија.

Методот на loci техниката, кој се базира на просторната меморија е неверојатно лесен да се објасни, но сепак бара определен ментален напор за да се отпочне. Она што треба да го направите е да помислите на некое место што најдобро го знаете, како на пример куќата во која што сте живееле како дете или патот до работа. Потоа ќе ги поставите сите работи на кои сакате да се потсетите околу куќата како што со умот ќе шетате низ неа. Секое застанување на тоа патување во вашата глава ќе здогледате по некој предмет кој што ќе биде поврзан со некоја ваша меморија. Колку повеќе бизарни и нереални или вивидни ќе ги направите овие слики, толку подобро и ќе ги запомните.

Ако го искористите овој метод само за среќните настатни од вашиот живот, во тој случај ќе имате нешто што се нарекува „палата на меморијата“ од среќни моменти, во која што ќе можете да се навратите во моменти на стрес.

Градење на палата на меморијата

Дали може палатата на меморијата да биде добра и за луѓето во депресија, кај кои е многу потешко да се навратат целосно на среќните моменти?

Ова било тестирано во едно ново истражување, каде што биле регрутирани 42 учесници кои моментално доживувале поголема депресија, или имале во минатото и сега се во процес на опоравување.

На половина од партиципантите им била покажана оваа метода. Пример за тоа како еден учесник ги запомнил среќните моменти:

„… една учесничка во ова истражување генерирала меморија од битен разговор во некое кафуле во New York со нејзината најдобра другарка. Таа ја поврзала меморијата со влезот на куќата од нејзиното детство (еден од нејзините селектирани loci места). Таа ја замислила фасадата на куќата како изгледот на познат ланец на кафе продавници каде што нејзната најдобра другарка стоела пред куќата насмеана и облечена како бариста (личност која знае да подготвува различни врсти на кафе).“

Вчудоневидувачката сила на емоционалната „Палата на меморијата“

Сите уесници замислувале 15 од овие „среќни моменти“ и ги лоцирале околу палатата на меморијата.  Потоа, тие вежбале како да се движат околу таа замислена куќа. сè додека сè полесно и полесно можеле да се навраќаат на тие спомени до детали.

Останатите испитаници исто така запомнувале 15 свои среќни моменти, но користеле техника која ни е многу повеќе позната од училиште. Тие ги повторувале настаните во глава постојано и постојано, сè додека не ги запомниле целосно.

Според резултатите, двете групи пријавиле дека се чувствуваат многу посреќно кога ќе се наврателе на тие нивни среќни настани.

Но, најбитното за истражувачите било да видат дали оие спомени ќе бидат со нив и после една недела од истражувањето. Тие им се јавувале изненадно по телефон за да проверат.  Истражувачите откриле дека партиципантите што го користеле школскиот метод скоро заборавиле сè т.е. секој втор од нив. Додека оние кои го користеле loci методот, таа бројка во просек била под двајца.

Ова е добра бројка и сугерира дека овој метод претставува ефективен начин како да се потсетиме на нашите среќни моменти од минатото, дури и за луѓе кои им е потешко да се навратат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.