„Но, не ме удрил“ – вистинска приказна за злоставување во врска

Reut Amit е канадска новинарка, дипломиран правник и блогерка од Huffington Post. Темата на нејзиниот последен пост е психичкото насилство во врската, тоа кое го доживеала и она самата. Иако нејзината приказна не е нова, ниту изненадувачка, таа смислено и детално ги опишува чуствата кои ја прателе во врската која повеќе ја обележувало омразата, отколку љубовта.

„Но, не ме удрил“ – вистинска приказна за злоставување во врската

Колку пати сум се нашла на подот тресејќи се и броејќи ги своите вдишувања, доведувајќи се до работ на гушење за време на нападите на паника. Но, никогаш не ме удрил.

Колку само часови сум поминала на тој под откако ќе заминеше он во кревет, лежејќи така со полно испукани капилари во очите. Колку пати сум го слушнала неговото ‘рчење и сум сфаќала дека тогаш заспал, а неколку метри подалеку се слушам јас самата како забрзано дишам, сè уште во моменти на паничен напад. Колку пати сум се запрашала „Како сум стигнала до тука? Како сум станала оваа жена?“. Колку пати сум се погледнала во огледало и не сум можела самата да се препознам? Колку многу омраза сум имала кон тоа мое лице полно со омраза. Но, никогаш не ме удрил.

Колку пати сум се вовлекла во кревет наместо во такси и сум се разбудила со неговата рака врз мене, говорејќи ми дека сето ова сама сум си го направила. Он не е таков, јас сум направила таков. Морам да го променам ставот околу тие работи. Треба да звучам помалку обвинувачки. Малку да го омекнам својот пристап, тоа ќе му овозможело да реагира поразлично.

Колку пати само сум го променила својот пристап, пред да сфатам дека единствениот начин за да се избегне караница е воопшто да не ја почнувам. Но, никогаш не ме удрил.

Колку само е-mails и пораки сум му пронашла. На колку само забави сме биле, а сум знаеле дека една од другите жени е таму. Брзо сум се научила да се носам со тоа „за да тоа не ја уништам  таа убава вечер“. Откако членовите на неговото семејство ме прашаа дали карминот што го нашле под нивниот кревет е мој, само го фрлив и ништо не реков. Не е ни таа. Уште едно понижување во тишина. Но, никогаш не ме удрил.

Колку пати ми рекол дека ќе оди да спие, на вечера со клиенти и не го слушнал телефонот – а всушност бил со друга жена. Колку пати ги игнорирал моите позиви наредното утро преправајќи се дека тоа не се случило. Тоа беше садистички. Можев да видам како ужива во таа негова моќ. Колку само лаги и клевети им сервирал на моите пријатели и колеги откако го напуштив. Колку пати го имал уништено мојот углед. Колку пати сум се враќала верувајќи му на секое ветување дека он е нов човек, верувајќи на секој лажен збор. Но, никогаш не ме удрил.

Колку пати мојата пријателка ќе дошла по мене затоа што во сред ноќта ќе ме исфрлел од кревет затоа што сум се распрашувала за некоја жена. Колку само пати сум се вратила од тие пријатели назад, бранејќи го и оправдавувајќи го неговото однесување. Престанав да им зборувам било што на моите пријатели сè со цел да го избегнам срамот и лудиото за околностите во кои се наоѓам – срам затоа што една независна жена како мене не може да се погрижи за самата себе и да излезе од еден таков однос кој е токсичен. Кога сум престанала да очекувам повеќе? Но, никогаш не ме удрил.

Како сум можела да верувам дека тоа е моја вина?! „Никој не го познава како мене. Никој не го разбира како мене.“ Моја задача е да го заштитам од вистината за тоа што мене ми прави. Не можам да дозволам да мисли за себе како да е чудовиште. Нема да кажам на никој, сум била потполно сама. Но, никогаш не ме удрил.

Моето отуѓување значело дека не сум можела да погледнам на себе си со туѓи очи. Сум можела само да го видам својот одразот од неговите очи и да верувам во она што ми го говерел за мене. Почнав да верувам на ирационални објаснувања за самата себе. Сум му допуштила да ја дефинира реалноста. Сум станала изолирана. Станало навистина лесно да се одречеш од луѓето што ги сакаш, наместо да ги лажаш за сè, а со тоа и да се соочам со понижувањето во врска со мојата реалност. Дел од мене знаеше дека ако они дознаат што навистина се случува, ќе ме присилат да се тргнам од него. Така не би можела да се вратам. Но, никогаш не ме удрил.

„Но, не ме удрил“ – вистинска приказна за злоставување во врската

Поставив граница, црвена линија која нема да ја поминам. Оној момент кога ќе ме удри, ќе заминам. Но, вистината е дека ни тогаш не би отишла. Мојата логика тогаш беше дека ако се случи нешто такво, само тогаш ќе разбере колку далеку отишол. Тогаш работите би се промениле. Не би отишла. Со нанесувањето на болка врз мене он ми покажувал колку ме сака. Толку многу сум му значела што сум го излудувала. Бил изнервиран од лутина, љубомора, тага и единствено не можел да се контролира.

Откако ова сè е завршено, забрането ми е да жалам за него. Никој не може да разбере како љубовта, омразата, стравот и утехата можат да постојат истовремено. Не можат да разберат како откако сум го изгубила него, сум изгубила и човек со кој сум излегувала навечер, сме гледале филмови додека надвор врнело, некој кој ме познава. Како сум можела на некој да објаснам дека злоупотребувањето е само дел од сето ова.

Сè уште има денови кога се потсетувам на сите нежности и се прашувам себе си дали навистина беше така лошо. Уште се борам со тоа да разберам како можел да ме сака толку многу, а вооедно и да ме мрази како најголем непријател. Сега сум како дете, одново учам да ги препознавам границите на нормалното однесување и да си поставам свои очекувања. Сега знам дека делата на насилство какво и да е, не може да бидат дел од љубовта.

За прв пат во огледало гледам жена која се искачила од длабочината на темнината. Во тоа ми помогна фактот дека не сум сама, дека и други го доживеале истото и дека исто вака се чувствувале. Исказите на тие жени ми дадоа сила да продолжам понатаму и да видам дека заслужувам повеќе.

Reut Amit на крај порачува:

„Сакам моите зборови да дојдат до сите жени кои се препознале во мојата вистинска приказна. Се надевам дека ќе им дадам сила и љубов која им е потребна да се извлечат од таа црна дупка“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.