Нобеловата награда за психологија или медицина освоена за пронаоѓањето на мозочниот GPS

Британско – Американскиот научник John O’Keefe и брачниот пар May –Britt и Edvard Moser од Норвешка, ја освоија Нобеловата награда за психологија или медицина за откривањето на „внатрешниот GPS“ на мозокот.

„Келиите за место“ и „мрежните келиите“ што тие ги откриле, му овозможуваат на мозокот да не позиционира во околината и да дознае каде се наоѓаме.

Нобеловата награда за психологија или медицина освоена за пронаоѓањето на мозочниот GPS

Нобеловиот Комитет изјавил дека ова откритие ни покажува како мозокот креира „мапа“ за тоа каде се наоѓаме во просторот и како се движиме низ комплексната околина. O’Keefe од University College London, го открил првиот дел од позициониот систем во 1971 година кога открил специфичен тип на нервна келија кај глувците кога ќе се нашле во определено специфично место во собата.

Триесет и четири години подоцна May-Britt и Edvard Moser од Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија во Трондхајм, идентификувале друг вид од нервна келија која креира координиран систем на прецизно пронаоѓање на некој пат.

O’Keefe добил половина од 8 милиони Шведски Круни, додека другите двајца добитници добиле по ¼.

Нобеловата награда за психологија или медицина освоена за пронаоѓањето на мозочниот GPS

Andrew King, професор на невропсихологија од Oxford University, рекол дека ова откритие кое покажува како невроните во хипокампусот процесираат „места“, го револуционизирало нашето разбирање за тоа како нашиот мозок разбира каде се наоѓаме во околина и е способен да ни покаже како да се движиме низ таа средина.

Нобеловиот Комитет рекол дека разбирањето на позициониот систем на мозокот може да ни помогне во откривањето на причините за алцхајмеровата болест.

John Stein професор по физиологија на Oxford University рекол:

„Ова е одлична вест и вистински заслужена. Јас се сеќавам колку одлична вест беше кога John за прв пат ги објасни „келиите за место“ во 1970тите… Сега како и многу други идеи кои на почетокот беа многу контроверзни, од оваа гледна точка луѓето би рекле „Па да, тоа е очигледно!“

May-Britt Moser е 11-тата жена која ја добива Нобеловата награда за медицина откако почнале да се доделуваат овие награди во 1901 година.

Нобеловите награди за физика, хемија, литература и мир ќе бидат објавени подоцна оваа недела. Додека Нобеловата награда за економија ќе биде објавена наредниот понеделник.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.