Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 9 месеци:

  • Удвојува исти слогови („ма ма“, „да да“)
  • Го разбира зборот не
  • Копира звуци и гестови од другите
  • Користи прст кога сака да покаже нешто
  • Мавта („па па“)
  • Има омилени играчки, знае да игра криенка („ѕе“)
  • Ползи, стои придржувајќи се, седнува само

Нрмален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 12 месеци:

  • Го знае своето име и реагира на него
  • Следи едноставни вербални налози
  • Појава на првиот осмислен збор
  • Користи едноставни гестови, како мавтање со глава за „не“
  • Имитира – почеток на формирање имитативна игра
  • Истражува предмети (тресење, фрлање), наоѓа скриена играчка, истовремено удира два предмета
  • Стабилно седи и брзо ползи, може да се подигнува, да стои и да оди со придржување за мебелот, после 12м проодува

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 15 месеци:

  • Изразито мрмори и вокализира, кажува 4 – 5 зборови
  • Гради кула од 2 – 3 коцки, шкрта со молив по хартија
  • Повеќе помага при облекување и хранење
  • Покажува кон тоа што го сака или му треба
  • Сака да ги гушка родителите
  • Оди самостојно на широка основа, умее да се наведне и да ја дофати играчката од подот

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 18 месеци:

  • Кажува 5 – 10 зборови
  • Идентификува еден или повеќе делови од телото
  • Покажува употреба на една (доминантна) рака, црта права уста на лист хартија, врти листови на книга (најчесто по две страни одеднаш)
  • Играта е комплексна – не ги става веќе играчките во уста, гради кула од 3 – 4 коцки, тркала топка или ја удира со нога и притоа држи рамнотежа
  • Соблекува чевли, се обидува самостојно да се храни
  • Добро оди, трча, се симнува по скали со помош

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 24 месеци:

  • Составува 3 зборови заедно, може да побара предмет по име
  • Гради кула од 6 коцки, слуша приказни со сликички
  • Ужива во игра со фрлање и фаќање на топка, нижење на перли на конец
  • Препознава семејни слики
  • Добро ракува со лажичка, помага при соблекување
  • Добро трча, се кажува и се симнува по скали самостојно, отвора врата, се качува по мебелот

Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 30 месеци:

  • За себе се обраќа со „јас“, го знае своето име
  • Гради кула од 8 коцки, црта хоризонтална и вертикална линија, имитира круг, сложува сложувалка од 3 – 4 дела.
  • Прв цртеж на човечка фигура (т.н. „полноглавец“)
  • Помага при средување на играчки, присутна имагинативна игра
  • Најрадо игра само или во присуство на други деца, но се уште не заедно со нив
  • Скока

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 36 месеци:

  • Ја знае својата возраст и пол, брои до три предмети, три броеви, коментира додека црта, води разговор со себе или играчките
  • Гради кула со 9 коцки, копира круг, прецртува крст
  • Воспоставување на визумоторна контрола (движење на молив во рака)
  • Помни и извршува посложени барања по редослед
  • Игра едноставни игри (паралелно со другите деца), сака да ги имитира активностите на возрасните, кон куклите се однесува
    како кон дете
  • Се качува по скали нога пред нога, стои за момент на една нога, може да вози трицикл

Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 48 месеци:

  • Брои 4 парички точно, раскажува приказна
  • Имитира конструкција на мост, копира крст и коцка, црта човечка фигура со 2 до 4 делови освен главата
  • Игра со неколку дека со започнување на социјална интеракција, играње улоги
  • Воспоставување тоалетен тренинг, само оди во тоалет
  • Скока на една нога, фрла топка, користи ножички за сечење на сликички, спретно се качува

Показатели за нормален психомоторен развој на возраст до 60 месеци

  • Именува 4 бои, повторува реченица со 10 зборови, брои 10 парички точно
  • Црта триаголник од слика, распознава тежини (го именува потешкиот предмет од два споредени)
  • Се соблекува и облекува самостојно, поставува прашања за значењето на зборовите, игра улоги (членови од семејството)
  • Прескокнува препреки

Нормален психомоторен развој кај деца до пет години

Според Американската Академија на невролози, наведени се 5 предупредувачки знаци за АСД. Неспособноста на детето да ги постигне некои од следно наведените патокази е препорака за евалуација на развојот на детето, со цел да се исклучи аутизмот.

  1. Отсуство на гугање до 12 месеци
  2. Отсуство на гестови, покажување или мавтање („па па“) на 12 месеци
  3. Ниту еден прозборен збор до 16 месеци
  4. Отсуство на два заеднички и спонтано изговорени зборови до 24 месеци, а тоа не е ехолалија
  5. Губење на претходно постигнати говорни или социјални вештини на било која возраст

Доколку кај детето отсуствуваат очекуваните постигнувања за неговиот развоен период, особено се препорачува консултација со професионалци за ран детски развој, со цел да се утврди дали станува збор за нормална варијација во текот на развојот или станува збор за развојно отстапување.

 

Извор: ПЗУ „Калинка“ – работен материјал



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *