Нова година

Цивилизациите низ светот го славеле почетокот на новата година низ овие милениуми. Денеска многу од прославувањата за Новата година почнуваат на 31 декември, последниот ден од Грегоријанскиот календар и прододолжуваат во раните часови од 1 јануари. Вообичаената традиција е да сте присутни на некоја забава, да јадете специјална новогодишна храна, да правите планови за наредната година и нормално да го гледате огнометот.

Нова година

Раните новогодишни прославувања

Најраните запишани прослави во чест на новата година датираат уште пред 4.000 години во античкиот Бабилон. За луѓето тогаш првата млада месечина после пролетната рамноденица – деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти – ја најавувало почетокот на новата година. Тие го прославувале овој настан со огромен религиски фестивал наречен Akitu. Како додаток на Новата година Akitu ја славел и митската победа на бабилонскиот бог Marduk над злобната морска божица Tiamat и имал многу важна политичка порака: ова време секогаш нов крал бил крунисуван или симболички било продолжувано владеењето на веќе постоечкиот.

Низ антиката цивилизациите низ светот развиле значително комплексни календари, типично поврзувајќи го првиот ден од новата година со некој земјоделски настан или некој астрономски настан. Во Египед, на пример годината започнувала со годишното полнење/потопување на Нил, кое што било поврзано со раѓањето на ѕвездата Сириус. Првиот ден од кинеската Нова година почнувал со втората нова Месечина, зимската рамноденица.

1 јануари станал првиот ден од Новата година

Најстариот римски календар се состоел од 10 месеци и 304 дена, каде што секоја нова година почнувала со пролетната рамноденица. Според традицијата бил креиран од Ромулус основачот на Рим, во 8от век пред Христос. Подоцна кралот Нума Помпилиус ги додал месеците Јануари и Фебруари. Низ вековите календарот излегол од синхронизација со Сонцето и во 46 пред Христос императорот Јулиј Цезар решил да го поправи проблемот и се обратил на најдобрите астрономи и математичари во тоа време. Потоа тој го претставил Јулијанскиот календар, кој многу наликува на денешниот Грегоријански календар, кој што многу земји низ светот и го користат.

Како дел од овие реформи, Цезар го воспоставил 1 јануари како прв ден од новата година, пред се да му даде почит кон името на месецот Janus, римскиот бог на почетокот, бог кој имал две лица. Едното да гледа во минатото, а со другото напред кон иднината. Римјаните славеле на тој начин што му давале жртви на Janus, си разменувале поклони едни со други, ги украсувале своите домови со ловорови гранчиња и оделе на забави.

Во средновековието во Европа, христијанските лидери привремено го замениле 1 јануари како прв ден од годината со денови кои што биле повеќе од религиско значење, како на пример, 25 Декември (раѓањето на Исус) и 25 Март (празникот Благовештение). Папата Грегори XIII го вратил 1 јануари како прв ден од годината во 1582 година.

Новогодишни традиции

Во многу земји новогодишните традиции започнуваат вечерта на 31 декември – новогодишната вечер – и продолжуваат во раните часови од 1 јануари. Луѓето често уживаат во определени видови на храна кои мислат дека ќе им донесат среќа во новата година. Во Шпанија и делови од светот каде се зборува шпански, луѓето тркалаат неколку грозда симболизирајќи ја нивната надеж за месеците кои што следат. Во многу делови од светот, традиционалниот новогодишен прибор за јадење има детали од мешунки, кои симболизираат пари и се верува дека носат добра финансиска година. На пример, во Италија тоа е леќата, додека во јужниот дел од САД тоа е црниот грашок. Бидејќи свињите преставуваат прогрес и просперитет во некои култури, свинското може да се најде на масите на новогодишната вечер во Куба, Австрија, Унгарија, Португалија и други земји.

Нова година

Кружните торти и пасти се симбол дека новата година доаѓа до полн круг. Најчесто вакви јадења има во Холандија, Мексико, Грција. Во Шведска и Норвешка оризниот пудинг со бадем скриен негде во средината се служи на новогодишната ноќ. Се вели дека оној кој што ќе го најде бадемот може да очекува 12 месеци среќа.

Други обичаи низ светот вклучуваат гледање на огнометот и пеење песни за дочек на Новата година. Вообичаено на оваа вечер се донесуваат одлуки за Новата година и се верува дека ова потекнува од античкиот Бабилон, каде луѓето тогаш правеле ветувања со цел да ја здобијат наклонетоста на боговите и да ја започнат годината со десна нога.

Во САД се фрла огромна џиновска топка на Times Square точно на полноќ. Милиони луѓе ширум светот го следат тој настан кој започнал во 1907та година.

Нова година

Во Македонија традиционално новогодишната ноќ се прославува низ плоштадите ширум државата. Најчесто најголемата прослва е во центарот на Скопје. Оваа година новогодишната прослава ќе се одржи на плоштадот Пела, каде присутните ќе бидат забавувани од познати македонски уметници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.